„Го излекува Џастин“: Зошто сите ѝ се извинуваат на Хејли Бибер, која добиваше и смртни закани онлајн?

Со години наназад, Хејли Бибер се соочува со онлајн булинг, а има добивано и смртни закани од фановите на Селена Гомез поради Џастин Бибер. Доста популарна е теоријата дека таа ѝ го украла Џастин на Селена, но сега изгледа јавноста си го менува мислењето. Сепак, Хејли не ги прифаќа извинувањата.

go-izlekuva-dzhastin-zoshto-site-se-izvinuvaat-na-hejli-biber-koja-dobivashe-i-smrtni-zakani-onlajn-01.jpg

Хејли Бибер одамна се соочува со критики поради бракот со Џастин Бибер, кои најчесто доаѓаат од фанови на пејачот кои се убедени дека Селена Гомез била неговата вистинска љубов.

Некои тврдат и дека Хејли ѝ го украла Џастин на Селена и со години работела го манипулирала пред да го „зароби“ со брак, па и дете.

go-izlekuva-dzhastin-zoshto-site-se-izvinuvaat-na-hejli-biber-koja-dobivashe-i-smrtni-zakani-onlajn-10.JPG

Изминативе година-две доста се шпекулира и за состојбата на нивниот брак и некои беа сигурни дека набрзо ќе се разведат.

Од друга страна, имаше луѓе кои го критикуваа Џастин за неговото однесување кон Хејли, а некои извори тврдеа дека блиските ја молеле да се оттргне од него.

go-izlekuva-dzhastin-zoshto-site-se-izvinuvaat-na-hejli-biber-koja-dobivashe-i-smrtni-zakani-onlajn-2.JPG

Иако е точно дека на повеќето папарацо фотки тие се „скиснати“ и честопати прескокнуваат честитки за важни датуми како родендени и годишнини, сепак никој не може да знае што се случува „зад затворени врати“.

Но, по музичкиот фестивал Coachella, јавноста како да си го промени мислењето за парот, особено за Хејли.

По несекојдневниот, но сепак успешен настап на Џастин на Coachella, онлајн почна да се пишува дека Хејли го „излекувала“, а некои почнаа и да ѝ се извинуваат.

go-izlekuva-dzhastin-zoshto-site-se-izvinuvaat-na-hejli-biber-koja-dobivashe-i-smrtni-zakani-onlajn-07.JPG

Во меѓувреме, Хејли објави Инстаграм Стори со порака:

„Се е во ред со извинувањата, терапијата е веќе платена. Зачувајте си ги!“

go-izlekuva-dzhastin-zoshto-site-se-izvinuvaat-na-hejli-biber-koja-dobivashe-i-smrtni-zakani-onlajn-05.JPG

Иако не е потполно јасно што точно значи пораката, некои се сигурни дека последната реченица се однесува на извинувањата, односно Хејли им порачува на сите да си ги зачуваат или да си ги задржат извинувањата за себе.

На Редит почна да се дебатира за нејзината објава и некои сметаат дека е насочена кон оние што одамна ѝ должат извинување.

go-izlekuva-dzhastin-zoshto-site-se-izvinuvaat-na-hejli-biber-koja-dobivashe-i-smrtni-zakani-onlajn-09.JPG

Јавноста верува дека Хејли сепак е добро влијание врз Џастин, но другите само не го гледале тоа, барем досега.

„После настапот на Coachella Хејли добива комплименти и е претставена како најголемата потпора во животот на Џастин – нешто што отсекогаш била“.

„Многу луѓе ѝ се извинуваат на социјалните мрежи поради тоа како се однесуваше на Coachella. Имаше видео со опис ’Се извинувам, не знаев дека Хејли е толку кул‘“.

„На социјалните мрежи се појавија многу видеа со порака дека ѝ должиме извинување“.

„Кога сите доцнат со извинувањето, разбирам зошто реагира вака“.

go-izlekuva-dzhastin-zoshto-site-se-izvinuvaat-na-hejli-biber-koja-dobivashe-i-smrtni-zakani-onlajn-06.JPG

Но, некои продолжуваа со онлајн омразата кон Хејли:

„Се извинувам што мислам дека Хејли го демнела Џастин, правела план да ѝ го украде на Селена, за нејзиното расистичко минато и за тоа што ги малтретираше Тејлор Свифт и низа други“.

„Зошто воопшто зборува за ова? Девојкава е незрела и жедна за внимание. Навистина мисли дека луѓето ѝ должат извинување? Зошто таа не ни се извини на сите нас?“

„Со оваа објава само си го покажа вистинското лице“.

go-izlekuva-dzhastin-zoshto-site-se-izvinuvaat-na-hejli-biber-koja-dobivashe-i-smrtni-zakani-onlajn-4.JPG

Инаку, Џастин настапуваше на двата викенда на Coachella. На првиот викенд пушташе музика од Јутјуб, а пееше и постари хитови.

Хејли, пак, гордо сподели фотки и видеа од пробите и настапот.

На вториот викенд, во публиката беше и Били Ајлиш која има изјавено дека била огромна обожавателка на Џастин уште пред да се прослави.

Па, во еден миг, Хејли ја турна на бината за да му се придружи на својот идол.

go-izlekuva-dzhastin-zoshto-site-se-izvinuvaat-na-hejli-biber-koja-dobivashe-i-smrtni-zakani-onlajn-03.JPG

Поради овој гест, но и објавите од изминативе неколку денови, дел од јавноста почна да си го менува мислењето за Хејли.

go-izlekuva-dzhastin-zoshto-site-se-izvinuvaat-na-hejli-biber-koja-dobivashe-i-smrtni-zakani-onlajn-02.JPG

Инаку, со години наназад Хејли беше и жртва на онлајн булинг, а има добивано и смртни закани.

Во 2023 година ситуацијата беше толку лоша, што се огласи и Селена Гомез која ги молеше нејзините фанови да престанат со омразата насочена кон Хејли.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ... Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Хејли Бибер јаде крофна, девојката на ди Каприо со бургер – и ѕвездите се „обични“ луѓе, гладни по „... По афтер забавата на Оскарите, дел од ѕвездите беа забележани со храна во рака и...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...

Најчитани неделава