Ја оставил првата сопруга за неа, па ѝ го скршил срцето: Краткиот брак на Џим Кери и колешката од Dumb and Dumber
По финализирањето на разводот, Џим и Лорен престанаа да ја кријат нивната врска, а во 1996-та се венчаа.
Но, врската се одразила лошо врз Лорен и јавноста ја обвинуваше дека му го растурила бракот.
„Сите ме нарекуваа уништувач на семејства. Жал ми е за Мелиса, но таа и Џим беа разделени кога ние се запознавме“, изјави Лорен за магазинот Rolling Stone.
Џим од друга страна, не штедеше на комплименти за неа.
„Јас сум навистина многу вљубен. Прекрасно ми е. Лорен Холи е најубавата жена на земјата, талентирана е, несебична, грижлива, таа е најдобрата комбинација од сè“, сподели актерот за Rolling Stone.
Сепак, иако тврдеа дека се многу вљубени еден во друг, по само една година, тие се разведоа.
Подоцна Лорен призна дека големото внимание од медиумите им создавало проблеми.
„Нашиот живот се претвори во мисија да си ја зачуваме приватноста. Луѓе и папараци се качуваа преку нашата ограда, влегуваа во нашиот двор и нè фотографираа преку прозорците.
Некои ни го проверуваа и ѓубрето. Главниот фокус ни беше е да бегаме од нив и да си ја зачуваме приватноста“.
На крај, Лорен била таа која поднела барање за развод поради „ненадминливи разлики“.
Но, нејзините проблеми не завршиле овде. Многу години подоцна таа откри дека навредите кон неа не запреле со разводот.
Сподели дека ја нарекувале „спонзоруша“ и некогаш ѝ кажувале навреди во лице, па ѝ било страв да излезе да си купи кафе.
„Поминав низ навистина тежок период бидејќи бев со Џим Кери и луѓето мислат дека нашиот брак беше многу краток. Но, ние бевме заедно подолг период.
Кога се разведовме ми беше многу тешко бидејќи никој не ја раскажуваше вистинската верзија на приказната.
Постојано се чувствував како сите да знаат сè за мојата приватност, а тој период пробував да си го излекувам скршеното срце“, има изјавено актерката.
Иако бракот бил бурен и завршил тажно, Лорен денес нема лошо мислење за Џим Кери.
Во 2020 година, таа дури и му даде комплимент за неговото појавување во Saturday Night Live.
Спирова С. | Црнобело