Крис Џенер со уште позатегнато лице, по поплаките дека не ѝ се допаѓаат резултатите од скапиот фејслифтинг
- Детали
- понеделник, 27 април 2026
Според извори блиски до Крис Џенер, резултатите од фејслифтингот за кој плати 100.000 евра веќе почнувале да избледуваат и ријалити ѕвездата била гневна. Деновиве веројатно повторно направила корекција – беше фотографирана пред салон за убавина со уште позатегнато лице.

На почетокот од 2025-та, Крис Џенер направи скап фејслифинг со кој се подмлади барем две децении.
Но сега, една година подоцна, 70-годишната ријалити ѕвезда не била задоволна од резултатите.
Според извори блиски до Крис, таа била гневна што резултатите од третманот, за кој платила 100.000 долари, почнувале да избледнуваат.
„Фејслифтингот на Крис веќе попушта. Не е среќна со резултатите и очајна е – смета дека не траеја доволно долго“.
Изворот вели и дека Крис била особено фрустрирана бидејќи нејзиниот фејслифтинг го споредувале со оној на Дениз Ричардс.
„Крис е гневна што Дениз Ричардс изгледа толку добро и смета дека веќе не може ни да се споредува со неа“.
Неполна недела по овие изјави, Крис Џенер беше забележана пред луксузен салон за убавина со уште позатегнато лице од претходно.
Салонот нуди услуги како ботокс, филери и ласерски третмани.
Крис пред скапиот третман
Крис беше во лежерно издание и пробуваше да го скрие лицето со огромни очила, но на папарацо фотките е јасно дека нејзината кожа изгледа многу позатегната.
Крис не крие дека има направено низа процедури, а пред околу еден месец, на реалното шоу на Кардашијанс, сподели дека единствено носот ѝ бил природен.
Таа разговараше со ќерка ѝ Ким која, пак, ја потсети дека и забите ѝ се природни.
Инаку, Крис зборуваше за скапиот фејслифтинг минатото лето, во интервју за Vogue.
„Последен пат направив фејслифтинг пред 15 години, па беше време за освежување. Се одлучив за третманот бидејќи сакам да бидам најдобрата верзија од мене и тоа ме прави среќна.
Само затоа што стареете, не значи дека треба да се откажете од себе. Ако ви е удобно во своја кожа и сакате да стареете грациозно – да не правите ништо – тогаш не правете корекции.
Но, за мене, ова е грациозно стареење, ова е мојата верзија“.
Спирова С. | Црнобело