Се заљуби во најдобрата другарка на сопругата, таа му роди 4 деца - Љубовта на Стинг и Труди Стајлер почна со афера
- Детали
- сабота, 09 мај 2026
Гордон Самнер Стинг, повеќе од 40 години е во љубов со сопругата Труди. Но, во моментот кога се запознале, Стинг бил во брак со Франсес Томелти. Труди, пак, се преселила во нивната зграда и за кратко станала најдобра пријателка на сопругата на Стинг.

Стинг и Труди Стајлер се сметаат за еден од најдолговечните парови во светот на славните.
Но, почетокот на нивната љубов е поврзан со скандал - љубовна афера, раскинато пријателство и брак што се распаднал пред очите на јавноста.
Во 1976 Стинг се оженил со Франсес Томелти, која во тоа време била успешна актерка.

Тие добиле две деца - синот Џозеф и ќерката Фуксија Катарина.
И сè изгледало идилично, сè додека Труди Стајлер, која исто така била актерка, не се преселила во нивната зграда, на само два стана од нивниот.
Труди и Франсес со текот на времето се зближиле и станале најблиски пријателки. Дури и глумеле заедно во продукција на „Макбет“.

Труди првпат го видела Стинг на улица, во 1977 година.
„Имаше зелена коса. Си помислив ‘Ми се допаѓа тој тип’,“ изјавила таа подоцна во интервју за „Гардијан“.
Со текот на времето, меѓу нив се родила привлечност и тие почнале афера во 1982 година.

Но, Стинг во својата автобиографија Broken Music пишува дека се заљубил во Труди штом ја запознал.
Својата сегашна сопруга ја опишал како „ранет ангел“, фасциниран од лузната на нејзиното лице која „не ја намалувала нејзината убавина“.

Но, кога се запознале Стинг беше во брак со најдобрата пријателка на Труди, а Труди беше во врска со друг маж.
Но, во 1983 година, Труди забремени од Стинг и тоа беше крај на неговиот брак со Френсис.
„Никој од нас не е горд на ситуацијата што се случи, но, едноставно се случи. Се сакавме, живеевме заедно, а потоа се венчавме и добивме уште деца. Ова е нашата животна приказна,“ рекла Труди.

По првата ќерка Бриџит, која е родена во 1984 година, двојката доби уште три сина: Џејк, Елиот и Џакомо.
Стинг и Труди се венчаа дури во 1992 година на раскошна церемонија во Вилтшир, Англија, во присуство на бројни познати гости.

Запрашан за долговечноста на бракот и љубовта со Труди, во едно интервју Стинг изјави:
„Ние сме пријатели. Се сакаме, но и си се допаѓаме еден на друг. А тука има голема разлика.
Љубовта е страст и сите тие работи, но вистински да се сака нечие друштво, тоа е нешто различно и трае подолго. Бидете во брак со вашиот најдобар пријател“.

А. Ј. | Црнобело