Пејачката Бони Тајлер (74) е во индуцирана кома во Португалија – по итна операција на стомакот, состојбата ѝ се влошила
- Детали
- петок, 08 мај 2026
Ѕвездата што ги отпеа Total Eclipse of the Heart и Holding Out for a Hero се наоѓа во болница во Португалија. По итна операција на цревата, состојбата на Бони Тајлер се влошила, па сега е во индуцирана кома.

Легендарната велшка пејачка моментално е во индуцирана кома, во болница во Португалија.
74-годишната Бони, која живее и во Велс и во Португалија, кон крајот на минатиот месец имала итна операција на дебелото црево.
Вчера (07.05) состојбата ѝ се влошила, поради што била ставена во индуцирана кома. Според португалските медиуми, сега е во стабилна состојба, но сепак била без свест и дишела со помош на вентилатор.
Вестите ги потврди и портпаролот на пејачката:
„Со жалење соопштуваме дека Бони е во болница во Фаро, Португалија, за итна операција на цревата. Операцијата помина добро и сега заздравува.
Знаеме дека нејзиното семејство, нејзините пријатели и фанови ќе бидат загрижени за овие новости и дека ѝ посакуваат целосно и брзо заздравување“.
Бони Тајлер има блескава музичка кариера, а нејзините најголеми хитови се пеат со децении по издавањето.
Во 2013 година, пејачката ја претставуваше Англија на Евровизија, но не постигна голем успех – го освои 19-тото место.
И во осмата деценија од животот, Бони изгледа мошне добро, а минатата година сподели дека не планира да се пензионира.
„Почнав да пеам кога имав 17 години и никогаш не ни помислував дека ќе продолжам да го правам со на оваа возраст.
Малку забавив, но знам дека никогаш нема да се пензионирам“.
Годинава, Бони има закажано и турнеја низ Европа.
Пред околу два месеца, пејачката се пожали дека имала болки во колената, но не сподели дека има друг проблем со здравјето.
„Сега сум многу фит и навистина уживам кога настапувам. Уште доминирам на сцената со мојот прекрасен бенд и ако го имате вашето здравје, тогаш имате сè.
Дома вежбам пилатес, само 20 минути дневно – ова е нешто што можам да го правам и во хотелска соба. Имав проблеми со колената, ми направија и операција која беше многу успешна.
Па, се надевам дека ќе биде така уште многу долго“.
Инаку, Бони е во брак со бизнисменот Роберт Суливан, а живеат и во Португалија, и во Велс.
Бони првпат купи куќа во Португалија уште во 1970-тите бидејќи се вљубила во земјата кога ја посетувала за да сними албум.
Со сопругот исто така поседуваат и неколку куќи и станови кои ги изнајмуваат.
Засега сопругот на пејачката се нема огласено за нејзината состојба, но според изворите, се очекува целосно да заздрави.
Спирова С. | Црнобело