Зошто Опра Винфри не сака да се венча со партнерот 34 години по свршувачката (и го крие од јавност)?
Никогаш не покажуваат наклонетост
По толку многу години заедно, нормално е Опра и Стедман да не бидат постојано прегрнати или фатени за рака.
Но, блиските на парот велат дека тие никогаш не покажувале љубов со бакнување или држење за раце, дури и приватно.
Ниту еднаш немаат отидено сами на одмор
Во 1993 година, најдобрата пријателка на Опра – Гејл Кинг – се разведе од нејзиниот сопруг. И, оттогаш постојано ги придружува Опра и Стедман на нивните патувања.
„Ние тројцата си поминуваме прекрасно. Ако им пречам, тогаш не го покажуваат тоа. Ако Стедман не ме сакаше, ќе беше тешко“, има изјавено Гејл.
На ова, Опра одговори:
„Ако Стедман не те сакаше, тогаш немаше да издржиме заедно. Сопрузите и дечковците доаѓаат и си одат, но најдобрите пријатели остануваат засекогаш“.
Го обвинуваат Стедман дека е премногу финансиски зависен од Опра
Партнерите кои заедно изградиле живот е нормално да ги делат финансиите.
Но, Стедман сепак се соочува со критики поради огромната разлика во нивните богатства – тој има „само“ 10 милиони долари, додека Опра веќе ја носи титулата милијардер.
Нивните блиски откриваат дека Стедман е финансиски зависен од Опра, но дека ова воопшто не ѝ пречи на водителката.
Сепак, некои сметаат дека ова ја нарушува рамнотежата во врската.
Спирова С. | Црнобело