Зошто Опра Винфри не сака да се венча со партнерот 34 години по свршувачката (и го крие од јавност)?
- Детали
- недела, 10 мај 2026
Опра Винфри е свршена со Стедман Греам од 1992 година, но и по три децении, не сака да се венча со него. Не крие дека кариерата ѝ е поважна, а добро познат факт е и дека тој е финансиски зависен од неа.

Ако не следите редовно вести од шоубизнисот, можеби мислите дека Опра Винфри е сингл.
Но, познатата водителка е свршена со Стедман Греам уште од 1992 година.
Опра и Стедман се запознале во 1986 година и иако поминаа повеќе од три децении од свршувачката, изгледа никогаш нема да се венчаат.
Иако тоа што одлучуваат да ја прескокнат венчавката не значи ништо лошо за нивната врска, низ годините, јавноста има коментирано дека Опра и Стедман сепак не се еден за друг.
Сите „црвени знаменца“ во врската на Опра и Стедман (и зошто не сакаат да се венчаат):
Велат дека ако се венчале, досега сигурно би биле разделени
Цели 25 години откако Стедман ја запроси, Опра изјави дека мисли дека не би биле заедно ако се венчаа.
Откако ја откажале свадбата, Опра сподели дека никогаш повторно не зборувале за брак.
„Никој не ни верува, но вистина е. Единствено зборувавме за ова кога го прашав Стедман што би се случило ако се венчавме. Одговорот е дека сега не би биле заедно.
Бракот бара да бидеме поразлични. Гледиштата на Стедман за бракот се традиционални, а јас не би можела да се вклопам во тоа“.
На Опра кариерата ѝ е поважна од врската
Опра не крие дека кариерата ѝ е многу поважна од нејзината врска. Вели дека нејзината емисија ѝ била приоритет, а и двајцата биле свесни за тоа.
Стедман, пак, има изјавено дека целосно ја поддржува:
„Јас сум посветен на нејзината среќа и сакам да биде најдобрата верзија од себе“.