Кајли Миног (57) тајно водела втора битка со рак на дојка – го одложувала третманот по првата дијагноза со надеж дека ќе стане мајка

Кајли Миног имаше рак на дојка во 2005 година, но во нејзиниот нов документарец сподели дека во 2021-ва болеста се вратила. Исто така, по првата дијагноза го одложувала лекувањето и направила неколку ин витро процедури со надеж дека ќе стане мајка. До денес пејачката нема деца, но вели дека не губи надеж, иако има 57 години.

kajli-minog-tajno-vodela-vtora-bitka-so-rak-na-dojka-go-odlozhuvala-tretmanot-po-prvata-dijagnoza-so-nadezh-deka-kje-stane-majka-01.jpg

Во 2005 година, Кајли Миног откри дека има рак на дојка. На само 36-годишна возраст, пејачката се избори со болеста, а со тоа што отворено зборуваше за својата битка, успеа да ја зголеми свесноста за ракот на дојка.

Но, во нејзиниот нов Нетфликс документарец, насловен Kylie, пејачката првпат откри дека во 2021-ва болеста повторно се вратила.

Сепак, одлучила овој пат да не зборува во јавност.

kajli-minog-tajno-vodela-vtora-bitka-so-rak-na-dojka-go-odlozhuvala-tretmanot-po-prvata-dijagnoza-so-nadezh-deka-kje-stane-majka-03_copy.JPG

Во документарецот Кајли вели дека овој период се чувствувала толку лошо и физички и психички, што воопшто не сакала да излегува од дома.

Кајли додава дека пробувала да го најде вистинскиот миг за да им каже на фановите за новата битка, но не можела и затоа молчела цели пет години.

57-годишната пејачка била дијагностицирана за време на рутинска проверка, а додека раскажува за тешкиот период, едвај ги додржува солзите.

„Пробував да го најдам вистинскиот миг за да споделам со јавноста.

Не се чувствувам обврзана да споделам и всушност, тогаш не ни можев бидејќи бев само школка од личноста којашто сум. Не сакав воопшто да излезам од дома“.

kajli-minog-tajno-vodela-vtora-bitka-so-rak-na-dojka-go-odlozhuvala-tretmanot-po-prvata-dijagnoza-so-nadezh-deka-kje-stane-majka-04.JPG

Кајли имаше голем камбек во 2023 година со песната Padam Padam која ѝ донесе и Греми награда, но приватно уште водела битка со ракот.

„Песната ми отвори многу врати, но во себе знаев дека ракот не е само нешто минливо во мојот живот. И навистина само сакав да кажам што се случува за да можам да можам да се ослободам.

Додека седев на интервјуа и имав можност, секогаш си помислував ’Сега е време да кажам‘, но сепак си ја чував дијагнозата за себе“.

kajli-minog-tajno-vodela-vtora-bitka-so-rak-na-dojka-go-odlozhuvala-tretmanot-po-prvata-dijagnoza-so-nadezh-deka-kje-stane-majka-02.JPG

Кајли додава дека документарецот ѝ дал можност да се наврати на најзначајните моменти од нејзиниот живот, а борбата со ракот била токму ваков момент.

Додава и дека се надева дека ќе ги поттикне другите жени да се проверат.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Славни личности кои ја изгубија битката со ракот Шенон Доерти водеше долга борба со ракот на дојка. Извесен период, ракот беше во...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава