Кајли Миног (57) тајно водела втора битка со рак на дојка – го одложувала третманот по првата дијагноза со надеж дека ќе стане мајка
„Благодарна сум за мојата одлука и изборот да го споделам ова… Се надевам дека мојата одлука ќе им биде нежен потсетник на другите жени да се проверат.
Раната детекција е од огромна помош и благодарна сум што можам да кажам дека денес сум добра. За среќа, повторно ја победив болеста и сега сè е во ред“, вели пејачката во документарецот.
За потсетување, Кајли Миног беше на врвот на кариерата во 2005 година и се подготвуваше да настапи на Glastonbury кога првпат ја доби дијагнозата.
Поради ракот, го откажа настапот на фестивалот, а откажа и низа концерти во Лондон.
Одеше на радиотерапија и хемотерапија во Париз, каде најголема поддршка ѝ беа семејството и тогашниот партнер Оливие Мартинез.
Но, во документарецот Кајли открива дека извесен период го одложувала лекувањето бидејќи сакала да стане мајка.
Пред да почне да се лекува, таа направила неколку ин витро процедури.
„Имав 36 години кога ја добив дијагнозата, па размислував за деца. И пробав, дури и ја одложив хемотерапијата за да се обидам, а беше навистина страшно“.
Пејачката додава дека иако била исплашена, знаела дека ако не се обиде, ќе зажали, без разлика што не очекувала да забремени.
„Ако забременев, тоа ќе беше чудо. Но, животот не функционира така“.
Пејачката нема деца, но во документарецот покажа емотивно писмо кое му го напишала на детето што можеби ќе го има во иднина.
Во документарецот зборува и сестра ѝ, Дани Миног, која вели дека искрено се надева дека еден ден пејачката ќе се оствари во улогата на мајка:
„Јас никогаш не се гледав себеси како мајка, но Кајли отсекогаш се гледала така и ова ми го крши срцето“.
Спирова С. | Црнобело