Мајк Тајсон ја фатил бившата сопруга во кревет со Бред Пит: „Тогаш никој не го знаеше, немаше ни свој автомобил“
- Детали
- среда, 20 мај 2026
Мајк Тајсон одамна има изјавено дека ја фатил неговата прва сопруга во кревет со Бред Пит. Неодамна повторно ја раскажа приказната, но сега измени неколку детали и кажа дека ги начекал во автомобил. Ова се случило во период пред актерот да се прослави, а боксерот тврди дека ни тој немал поим кој е.

Мајк Тајсон важи за една од поконтроверзните славни личности и скандали со него има без број.
Покрај проблемите со дрога и алкохол и многуте тепачки, боксерот се има соочено со обвиненија за семејно насилство, но и силување.
На боксерски меч му има одгризено уво на противник, а една од неговите најлуди изјави е дека го ја фатил поранешната сопруга во кревет со Бред Пит.
Бред Пит нема коментирано за тврдењата на боксерот, но неодамна Мајк повторно ја раскажа приказната, но со малку поразлични детали.
59-годишниот боксер гостуваше во поткаст каде што откри дека во периодот кога со бившата сопруга односот им бил влошен, таа го изневерила со Бред Пит.
Боксерот тврди дека ова се случило во период пред Бред Пит да стане познат холивудски актер.
„Ова е интересна приказна. Тој не ми ја украде, но со сопругата размислувавме за развод“, вели Мајк.
Тој додава дека иако со бившата сопруга Робин Гивенс уште спиеле заедно, деновите ги минувале во караници.
„Еден ден, отидов во куќата… таа не беше дома. Немаше никој. Тогаш ја видов како излегува од гаражата со автомобилот што јас ѝ го купив.
Во автомобилот имаше уште некој. Мислев дека е некој од нејзините пријатели. Но, не беше пријател, туку беше Бред Пит.
Тогаш тој уште не беше познат. Ни јас не знаев кој е. Немаше ни автомобил“.
Ова не е првпат боксерот да ја раскажува оваа приказна, а многупати има менувано детали.
Во една пригода изјави дека ги фатил во кревет и бил многу гневен.