Мајк Тајсон ја фатил бившата сопруга во кревет со Бред Пит: „Тогаш никој не го знаеше, немаше ни свој автомобил“

„Само да можевте да му во видите изразот на лицето (на Бред Пит).

Изгледаше како да е подготвен да се прости од овој живот“, сподели боксерот пред неколку години.

majk-tajson-ja-fatil-bivshata-sopruga-vo-krevet-so-bred-pit-togash-nikoj-ne-go-znaeshe-nemashe-ni-svoj-avtomobil-7.JPG

За бизарната приказна се има огласено неговата бивша сопруга Робин која потврди дека боксерот навистина ја видел со Бред Пит, но биле во автомобил.

Според неа, не е воопшто точно дека ги фатил во кревет, туку само ги забележал како излегуваат од гаражата.

Таа негира и дека имала афера со Бред Пит и вели дека заедно биле на снимање и не се случило ништо друго.

„Имавме снимање или нешто такво. Мајк никогаш, никогаш не нè фатил заедно во кревет“.

majk-tajson-ja-fatil-bivshata-sopruga-vo-krevet-so-bred-pit-togash-nikoj-ne-go-znaeshe-nemashe-ni-svoj-avtomobil-10.JPG

Мајк и Робин беа заедно во 1980-тите, а нивниот брак траеше многу кратко. Се венчаа во 1988-ма, а до следната година веќе беа разведени.

Иако бракот траеше навистина кратко, боксерот и актерката редовно се појавува во тогашните таблоиди поради бурниот однос.

Робин тврдеше дека Мајк бил физички насилен уште пред да се венчаат, додека Мајк тврдеше дека бил истрауматизиран од нивната врска.

majk-tajson-ja-fatil-bivshata-sopruga-vo-krevet-so-bred-pit-togash-nikoj-ne-go-znaeshe-nemashe-ni-svoj-avtomobil-04.JPG

Дотогаш Мајк беше милионер, но со Робин не направија предбрачен договор, што подоцна ќе се покаже како проблем за боксерот.

Кратко по свадбата, Роби остана бремена, но имаше спонтан абортус. Оттогаш не успеале да го поправат односот.

Мајк, пак, тврдеше дека Робин го лажела дека е бремена за да можела да го манипулира.

Робин е таа што поднесе барање за развод во октомври 1988-ма, само неколку месеци по свадбата.

Тогаш нејзиниот адвокат изјави дека иако го сакала, тој бил многу насилен таа стравувала за својот живот.

majk-tajson-ja-fatil-bivshata-sopruga-vo-krevet-so-bred-pit-togash-nikoj-ne-go-znaeshe-nemashe-ni-svoj-avtomobil-03_copy.JPG

Мајк, пак, бараше поништување на бракот бидејќи немаа предбрачен договор, и ја обвинуваше Робин дека украла милиони од него. Робин му врати со милионска тужба за клевета.

Иронично, развојот беше финализиран на Денот на вљубените во 1989 година.

По разводот, репутацијата на Робин беше уништена и многу таблоиди ја нарекуваа „спонзоруша“. Таа, пак, тврдеше дека не добила ни цент од 10-те милиони што требало да ѝ и исплати Мајк по разводот.

Кратко по разводот беше издадена книга според која Мајк признал дека ја удрил Робин и наводно во една пригода изјавил:

„Тоа е најубавиот бокс што сум го удрил во животот“.

majk-tajson-ja-fatil-bivshata-sopruga-vo-krevet-so-bred-pit-togash-nikoj-ne-go-znaeshe-nemashe-ni-svoj-avtomobil-09.JPG

Боксерот негираше сè што е напишано во книгата за него, но додека гостуваше во шоуто на Опра се шегуваше дека ја удирал.

Колку и да звучи бизарно, на шегите се смееја и Опра и публиката, па подоцна водителката беше присилена да ѝ се извини на Робин.

По Робин, од 1997 до 2003 боксерот беше во брак со Моника Турнер, а од 2009-та е во брак со третата сопруга, Лакиха.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава