Актерите од „Emily in Paris“ уживаат во Грција – ја снимаат последната сезона, се забавуваат на Миконос (фото+видео)
- Детали
- петок, 22 мај 2026
По крајот на 5-тата сезона, се очекуваше романсата на Емили и Габриел да продолжи во Грција, но никој не знаеше дека тоа ќе биде крај – сега актерите објавија фотки и видеа од Миконос, а фановите се разочараа кога дознаа дека ова е последната сезона: „Тука сме за финална авантура“.

На официјалниот профил на хит-серијата „Emily in Paris“ објавија неколку фотки од актерската екипа во Грција, заедно со продуцентот.

Екипата ужива на грчкиот остров Миконос, а секако двете главни актерки се во автентични и уникатни стајлинзи, во духот на грчката култура.
„Здраво на последната сезона! Едно последно грчко лето пред да се врати Емили во Париз“ – стои во описот на објавата со фотки од зад сцената.
Лили Колинс пак, главната актерка која ја глуми Емили, објави исто така неколку фотки од зад сцената и напиша:
„Ииии се вративме – за последен пат. „Emily in Paris“ ја освојува Грција (и секако Франција) за уште една финална епска авантура. Ајде да ја направиме најдобрата сезона досега“.


На едно видео пак, се гледа како Лили и Ешли, актерката која ја глуми Минди, се забавуваат и танцуваат, а таа сподели и фотка направена со дел од екипата на плажа, меѓу кои и Лукас Браво, кој го глуми Габриел.

Во официјално видео од Нетфликс, Лили Колинс, емотивно најавува дека ова е последна сезона од серијата и открива дека целата екипа се вложува со цело срце за ова да биде најдобрата сезона за збогум.
Инаку, по завршетокот на 5-тата сезона, каде Габриел ѝ испраќа на Емили разгледница од Грција, сите очекуваа каде ќе биде следната сезона, но никој не знаеше дека ќе биде последна и сега фановите се разочарани.


М. М. | Црнобело