Аријана Гранде повторно загрижува со преслабиот изглед: „Ѝ се гледаат градните коски, не ѝ верувам дека е здрава“
- Детали
- вторник, 02 јуни 2026
Додека некои изразуваат загриженост што Аријана Гранде изгледа преслабо и ѝ се познаваат и градните коски, други ја бранат пејачката и велат дека не треба да ги коментираме туѓите тела. Самата пејачка, пак, претходно има изјавено дека никогаш не била поздрава и кога имала некој килограм плус, пиела антидепресиви и алкохол.

Веќе подолг период Аријана Гранде предизвикува загриженост со слабиот изглед, но сега нејзините фанови коментираат дека дефинитивно не изгледа здраво.
Вчера (01.06) 32-годишната пејачка го сподели новиот музички спот а нејзината песна Hate That I Made You Love Me.
Во спотот, пејачката носи жолт фустан со V израз, па многу фанови почнаа да коментираат дека се загрижени бидејќи ѝ се познаваат градните коски.
Додека некои велат дека не е во ред да се коментираат туѓи тела и ја бранат пејачката, другите истакнуваат дека се само загрижени за нејзиното здравје.
Аријана и претходно се соочувала со слични коментари за слабиот изглед, за време на прес турнејата за филмовите Wicked.
Тогаш пејачката реши да се огласи изјавувајќи дека е опасно да се критикуваат туѓите тела, како и дека никогаш претходно не била здрава како што е сега.
Сепак, многумина не ја сфаќаат нејзината изјава сериозно.