Аријана Гранде повторно загрижува со преслабиот изглед: „Ѝ се гледаат градните коски, не ѝ верувам дека е здрава“
„Ми изгледа како да е преморена“.
„Жал ми е што морам да коментирам, но изгледа како да има проблеми со здравјето. Прекрасна е, но изгледа премногу слабо и можеме да ѝ ги видиме коските“.
„Би ми било срам да коментирам за туѓо тело, но ми изгледа како Аријана упорно да сака да покаже колку е слаба“.
„Не сакам да критикувам нечиј изглед, но ова не изгледа здраво“.
Сепак, други ја бранат пејачката и велат дека секој има различен тип на тело. Па, штом таа вели дека е здрава, можеби треба да ѝ веруваме.
„Навистина не можеме да дознаеме нешто за нечија здравствена состојба само од една фотка“.
„Таква ѝ е градбата. Некои луѓе имаат поистакнати коски од други. Има девојки кои се исто слаби колку неа, а не им се истакнати градните коски“.
Аријана зборуваше за оваа тема и пред три години, кога првпат се појавија критиките за нејзиниот изглед.
Тогаш спомна дека кога имала некој килограм плус, не била воопшто здрава и пиела лекови.
„Телото со коешто го споредувате мојот сегашен изглед е најнездравата верзија од мене. Пиев многу антидепресиви, пиев алкохол и не се хранев здраво.
Бев на дното кога изгледав ’здраво‘, но всушност јас не изгледам така кога сум здрава.
Знам дека не треба да го објаснувам ова. Но, мислам дека ако сум отворена и ранлива, можеби од сето ова ќе произлезе нешто добро“.
Во друга пригода, пејачката сподели дека здравиот изглед е различен кај секого.
„Никогаш не можете да знаете низ што минува некој. Па, дури и ако вашите зборови се поради грижа и љубов, таа личност веројатно работи на својот проблем. Бидете добри кон другите и кон себе“.
Погледнете го новиот спот на пејачката во продолжение:
Спирова С. | Црнобело