„Продавав дрога на 14 години, халуцинирав и мислев дека мајка ми е ѓаволот“: Кара Делевињ за зависноста со која се бореше полa живот
- Детали
- четврток, 04 јуни 2026
„Бидејќи немав пари, почнав да купувам дрога за да ја продавам. Но, кога купував за продажба, ја користев и јас – продавав половина, а останатото беше за мене. Признавам, не бев многу добар дилер“, открива Кара Делевињ за нејзината зависност која почнала уште кога имала само 14 години. До 15 доживеала нервен слом бидејќи користела халуциногени дроги.

Во 2022 година Кара Делевињ го допре дното поради својата зависност од дрога.
33-годишната Кара беше снимена како се однесува чудно на аеродром – беше без чевли и изгледаше неуредно и вознемирено додека зборуваше на телефон.
Потоа моделот откри дека овие фотки и снимки ја натерале да побара помош и конечно да се ослободи од порокот.
Сега, пак, во ново интервју, Кара открива кога почнала нејзината зависност и со што сè се соочувала.
Таа признава дека најмногу проблеми имала со кетамин, како и дека почнала да експериментира со дрога на само 14-годишна возраст.
Во тинејџерските години имало период и кога самата продавала дрога.
„Бидејќи немав пари, почнав да купувам друга за да ја продавам, но и да ја користам.
Кога купував дрога за да продавам ја користев и јас – продавав половина, а останатото беше за мене.
Па, на некој начин, дрогата ми беше бесплатна. Признавам дека не бев многу добар дилер“.
Кара додава дека дрогата ја гледала како утеха.
„Ми се допаѓаше како се чувствувам кога се дрогирам. Многу сакав кога не мислев на мајка ми.
Сакав да не мора да го чувствувам притисокот да бидам доба ученичка, да не чувствувам дека не ми е добро и дека не се сакам. Сето тоа исчезнуваше“.
Зависноста на Кара ескалирала кога почнала да користи и халуциногени дроги, и тоа секој ден, па често имала страшни халуцинации.
„Мислев дека татко ми е Бог а мајка ми е ѓаволот и дека треба да ја убијам за да го спасам светот. Мислам дека полудев“.
