„Продавав дрога на 14 години, халуцинирав и мислев дека мајка ми е ѓаволот“: Кара Делевињ за зависноста со која се бореше полa живот
Веќе до 15-годишна возраст, менталното здравје на Кара се влошило драстично и доживеала нервен слом.
„Сакав да се самоубијам. Ми се уништи целиот свет. Мозокот ми беше хаос.
Сакав само да изгубам свест (со дрога) бидејќи сакав некакво бегство“.
Иако изгради успешна кариера како модел, но и актерка, зависноста продолжила да ја измачува Кара и во 20-тите години од животот.
Пред да се појават вознемирувачките фотки и видеа од 2022-ра, Кара отишла на музичкиот фестивал Burning Man и таму донела одлука конечно да се ослободи од порокот.
„Отидов на Burning Man и си помислив дека можам да отрезнам. И претходно сум била на рехабилитација, но си реков дека сега ќе се фокусирам повеќе на траумата.
Навистина морав да го направам ова. Додека бев сама во хотелската соба, почна песна која ја слушнав на погребот на пријател кој се предозира.
Во еден момент си помислив ’Што правам? Зошто го правам ова?‘ и ја фрлив целата дрога во тоалетната школка“.
Набрзо потоа беа направени фотките и видеата од аеродромот, а тогаш извори блиски до неа потврдија дека само што се вратила од фестивалот.
Но, изворите тврдеа дека само била изморена:
„Помина неколку денови во пустината, не јадеше многу и изгледаше неуредно бидејќи уште немаше време да се среди“.
Сепак, кога Кара ги видела фотките и видеата, дополнително се мотивирала да почне да работи на себе.
Отишла на подолга програма за рехабилитација и вели дека уште е чиста.
„Претходно секогаш барав брзо решение – ќе отидев на кратка програма од една недела или на терапија за траумата. И, тоа ми помагаше накратко, но сепак не навлегуваше подлабоко.
Тогаш сфатив дека најдобриот третман за мене е долга рехабилитација и дека не треба да се срма од тоа.
Заедницата направи огромна разлика. Спротивното од зависност е конекција и во програмата навистина го најдов тоа“.
Спирова С. | Црнобело
