Има српско државјанство, побегна во Русија и се дружи со Путин: Каде исчезна актерот Стивен Сигал?
- Детали
- петок, 05 јуни 2026
Неодамна Стивен Сигал беше забележан во Санкт Петербург, и тоа девет месеци од неговото последно појавување во јавност. Денес повеќе се фокусира на политика и јавно го поддржува Путин, а минатата година беше на посета во Србија, по покана од претседателот Вучиќ.

Стивен Сигал, најпознат по акционите филмови, веќе подолг период се држи настрана од јавност и моментално не е ни во САД, туку живее во Русија.
74-годишниот актер неодамна беше забележан на настан во Санкт Петербург, откако никој го немаше видено повеќе од девет месеци.
Изминативе десетина години, холивудската ѕвезда главно се фокусира на политика и е силен поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин.
Од 2016-та живее во Русија, а две години претходно, Путин му подари руско државјанство и руски пасош.
Се шпекулира дека актерот побегнал во Русија бидејќи имал големи долгови во САД, но ова не е официјално потврдено.
За своите политички ставови, Стивен е некогаш и критикуван бидејќи отворено ја поддржува војната во Украина, а во Русија бил вклучен и во ширење пропаганда за истата.
Од друга страна, актерот е назначен за специјален претставник за руско-американските хуманитарни односи, а за својата хуманитарна работа, Путин го награди и со орден.
Уште позабавен факт за Стивен Сигал е што тој има и српско државјанство, и тоа уште од 2016 година.
Пред да го добие државјанството, Стивен неколкупати ја имаше посетено Србија, а имаше изјавено дека се чувствувал како Србин.
Тој изјави и дека ќе прави сè во своја моќ за да ја промовира Србија, а вети и дека ќе отвори училиште за боречки вештини во Белград.
Сепак, училиштето никогаш не беше отворено, но актерот остана во добар однос со државниот врв.
Во 2025 година, по покана од српскиот претседател Александар Вучиќ, актерот ја посети Србија, а целта на посета било „зајакнување на културната и уметничката соработка со поширокиот свет“.
Стивен Сигал е роден во Мичиген, а кога наполнил пет години, со семејството се преселиле во Калифорнија.
Овде завршил средно и се запишал на колеџ, а во меѓувреме учел и боречки вештини.
Актерот тврди дека соработувал со ЦИА и помагал во тренирањето на нивните агенти во Јапонија. Сепак, нема никаков доказ дека работел за агенцијата, па ретко кој му верува на оваа изјава.
Со талентот за боречки вештини, изгради импресивна актерска кариера и во 1980-тите и 1990-тите беше ѕвезда во најдобрите и најпопуларните акциони филмови.
Иако од 2016-та не живее во САД, својот последен филм – Beyond the Law – го сними во 2019-та, но оттогаш се држи настрана од Холивуд.
Актерот беше познат и како голем заводник, па зад себе има неколку сериозни врски и неуспешни бракови, како и деца од неколку жени.
Со првата сопруга Мијако Фуџитани доби две деца. Потоа, имаше краток брак со актерката Адриен Ла Руса.
Со втората сопруга Кели Леброк доби три деца, додека уште е во брак со третата сопруга, со која има и син.
Спирова С. | Црнобело
