Бизарна теорија на заговор – Шакира користела двојничка на настапот на Светско: „Ги греши чекорите, се крие зад очила“

По отворањето на Светското фудбалско првенство, Шакира се соочи со обвиненија дека користела двојничка за настапот. Некои велат дека жената што настапува воопшто не личи на неа, како и дека не танцува исто добро. Веројатно гласините допреле до пејачката, бидејќи сподели видео од пробите како доказ дека сепак на церемонијата настапувала таа, а не двојничка.

bizarna-teorija-na-zagovor-shakira-koristela-dvojnichka-na-nastapot-na-svetsko-gi-greshi-chekorite-se-krie-zad-ochila-01.jpg

Се чини дека периодов омилена теорија на заговор е дека некои познати личности користат двојници.

По теориите дека Џим Кери и Анџелина Џоли се заменети со клонови, на мета се најде Шакира – дел од јавноста верува дека за настапот на Светско, пејачката користела двојничка.

bizarna-teorija-na-zagovor-shakira-koristela-dvojnichka-na-nastapot-na-svetsko-gi-greshi-chekorite-se-krie-zad-ochila-06.JPG

Шакира настапуваше на отворањето на Светското фудбалско првенство во Мексико Сити, каде што ја изведе нејзината нова песна – Dai, Dai.

49-годишната пејачка имаше енергичен настап со многу танчарки, а носеше жолто боди, бело здолниште и бели патики со жолти врвки.

Шакира носеше и црни очила за сонце кои делумно ѝ го покриваа лицето.

bizarna-teorija-na-zagovor-shakira-koristela-dvojnichka-na-nastapot-na-svetsko-gi-greshi-chekorite-se-krie-zad-ochila-07.JPG

Додека некои имаа само комплименти за настапот и ја нарекуваа „кралица на Светско фудбалско првенство“, други почнаа да изразуваат сомнежи дека пејачката на церемонијата воопшто не е Шакира.

„Што е со Шакира? Изгледаше многу поразлично во живо пред неколку недели во Рио де Жанеиро. Дали користи двојничка?“

„Не знам што мислите, но Шакира што се појави на Светско воопшто не личи на пејачката што ја знаеме. Има три можности. Прво – ова не е Шакира туку двојничка, второ – направила пластична операција и затоа изгледа различно, трето – имаше многу шминка“.

„Периката, висината, очилата и бавните движења не се совпаѓаат со Шакира. Само гледајте ги нејзините нозе, градбата на телото. Ова не е Шакира!“

bizarna-teorija-na-zagovor-shakira-koristela-dvojnichka-na-nastapot-na-svetsko-gi-greshi-chekorite-se-krie-zad-ochila-09.JPG

На социјалните мрежи некои споделуваат и инсерти од настапот за кои сметаат дека се цврст доказ дека пејачакта не е Шакира.

„Ова не е Шакира. Гледајте како ги греши чекорите додека ја пее Dai, Dai. Ова е двојничка. Шакира ги излажа сите“.

Сепак, повеќето сметаат дека се претерува со ваквите теории на заговор.

Некои споделуваат фотки од пејачката пред настапот, на кои се гледа без очила, а други велат дека ѝ се гледа лузната на челото, што е доволен доказ дека е таа.

„Шакира е без очила на ова видео и не постои сомнеж дека е таа, блеска како и секогаш.

Не знам зошто се направи драма, повеќе од очигледно е дека ова е нашата кралица“.

„Ќе ви кажам што велат фановите експерти – сигурни се дека е таа. Ја спомнуваат лузната на нејзиното чело, изгледа повисоко бидејќи носи патики со дебел ѓон и изгледа послабо.

Што се однесува дo нејзиното лице, сметаат дека е отечено поради ботокс, а тоа може да објасни и зошто носи очила“.

Многу е веројатно дека гласините допреле и до самата пејачка, бидејќи откако теоријата почна да се споделува, таа објави неколку фотки направени пред настапот на кои исто така носи очила за сонце.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
„Таа е магионичар, блескам заради неа“ – Ева Лонгорија (50) за српската докторка во Дубаи која ја од... „Кога одам кај неа, излегувам здрава и блескава“ – вели Ева Лонгорија за српскат...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава