Имаше анален рак, нејзината прва љубов почина од тумор на мозокот: Факти за „Бри“ од „Очајни домаќинки“

Марша Крос, попозната како Бри од „Очајни домаќинки“ ја изгубила својата прва вистинска љубов во раните 30-ти – нејзиниот партнер починал од тумор на мозокот. Потоа и нејзиниот сопруг доби дијагноза за рак, за многу години подоцна и самата да се соочи со рак на анусот. И покрај многуте премрежја, денес Марша е среќна и ужива со сопругот и ќерките близначки.

imashe-analen-rak-nejzinata-prva-ljubov-pochina-od-tumor-na-mozokot-fakti-za-bri-od-ochajni-domakjinki-01.jpg

Марша Крос засекогаш ќе остане запомнета како Бри – „очајната домаќинка“ која прифаќаше само перфекционизам и ништо друго.

Приватно, Марша е сосема поразлична од ликот што го глуми, но слично како Бри, и таа се соочила со низа трагедии и предизвици.

Додека нејзиниот сопруг боледуваше од рак на грлото, Марша се бореше со рак на анусот, а нејзин поранешен партнер почина прерано од тумор.

Можеби не изгради завидна актерска кариера како Ева Лонгорија и некои други колешки од серијата, но сака да ја користи популарноста што ја стекна за да ја зголемува свесноста за важни проблеми.

Детали од животот на Марша Крос:

Учела на престижното училиште „Џулијард“

Марша потекнува од САД, но нејзините родители имаат и англиско и ирско потекло.

Уште од најрана возраст актерка сакала да глуми, па откако завршила средно, успеала да добие делумна стипендија за престижното училиште „Џулијард“.

Дипломирала во 1984 година, а во 2003-та завршила и магистерски студии по психологија.

imashe-analen-rak-nejzinata-prva-04.JPG

Улогата во „Очајни домаќинки“ ѝ донесе слава, но и многу награди

Марша ја почна кариерата со сапуницата Edge of the Night, а набрзо потоа почна да добива и други улоги.

Пресвртот во нејзината кариера се случува кога добива една од главните улоги во хит-серијата „Очајни домаќинки“.

Оваа улога ѝ донесе низа награди, вклучувајќи Еми и три Златни глобуси.

imashe-analen-rak-nejzinata-prva-06.JPG

Имаше долга врска со многу постар актер

Од 1989, па сè до 1993 година, Марша Крос беше во врска со колегата Ричард Џордан.

Се запознале додека заедно глумеле на театарска претстава и иако тој бил 25 години постар од неа, меѓу нив брзо се родила љубов.

Но, во 1993-та, на 56-годишна возраст, Ричард бил дијагностициран со агресивен тумор на мозокот.

imashe-analen-rak-nejzinata-prva-14.JPG

Овој период Марша направила пауза од актерската кариера за да може да се грижи за него.

За жал, Ричард ѝ подлегнал на болеста и починал во август истата година.

Подоцна Марша отворено зборуваше за тагата што ја чувствувала и сподели дека ѝ бил потребна цела деценија за да почне да се чувствува подобро.

Четири години по смртта на саканиот, се инспирирала да се фокусира на образованието, па тогаш се запишала на магистерски студии по психологија.

imashe-analen-rak-nejzinata-prva-7.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Љубов каква што ретко постои: Мајкл Даглас (81) и Кетрин З. Џонс (56) се гледаат вљубено и по 25 год... Тој е 25 години постар од неа, во брак се исто така 25 години, а се трудат да из...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава