Имаше анален рак, нејзината прва љубов почина од тумор на мозокот: Факти за „Бри“ од „Очајни домаќинки“

Во брак е од 2006 година

Повеќе од една деценија од смртта на саканиот, Марша повторно најде љубов. Во 2006 година, таа се венча со брокерот Том Махони.

Дотогаш Марша веќе имаше 44 години, но уште немала можност да се оствари како мајка. Па, со сопругот решија да се обидат со асистирано оплодување.

И, процедурата се покажа како успешна – во февруари 2007-ма, кратко пред да наполни 45 години, Марша доби близначки.

imashe-analen-rak-nejzinata-prva-09.JPG

Сопругот Том имаше рак

Среќата на марша и Том не траела долго - само година-две по раѓањето на ќерките, тој добил дијагноза за рак.

Па, Марша повторно се нашла во позиција на негувател на нејзиниот партнер.

Том имал рак на грлото, а Марша решила целосно да му се посвети. За среќа, по низа третмани, ракот е во ремисија.

imashe-analen-rak-nejzinata-prva-10.JPG

И Марша имаше рак

Во 2017 година Марша доби дијагноза за рак на анусот, а вели дека дознала на рутинска проверка.

„Не мислев дека има некаков проблем бидејќи немав никакви симптоми. И, лекарот само ми рече ’Сакам да знаеш дека што и да имаш, може да се излекува‘.

Тогаш само си помислив што ли зборува…“ – сподели актерката во интервју.

За среќа, вели дека не требало да ѝ прават операција.

„Ми беше олеснителна околност што не мораше да се прави операција. Дефинитивно сакате да ги зачувате мускулите во анусот такви какви што се“.

imashe-analen-rak-nejzinata-prva-08.JPG

Актерката откри дека имала рак дури откако почна со терапија, споделувајќи фотка на која се гледа дека има многу кратка коса.

„Благодарна сум и среќна што сум жива, но тажна сум што ми падна косата…

Дали и некој друг се соочил со паѓање на косата поради рак? Разговарајте со мене, ве разбирам“, напиша во описот.

imashe-analen-rak-nejzinata-prva-05.JPG

По успешното лекување, се залага за зголемување на свесноста за овој вид рак

Марша сподели дека си дала за цел да ја зголеми свесноста за аналниот рак, но и да ја тргне стигмата.

„Сакам да ставам крај на стигмата за аналниот рак. Сум читала многу приказни на луѓе кои го преживеале, особено жени, а на кои им било срам да кажат каков рак имаат.

Има многу срам околу ова и сакам да престане… Ако нешто ви се чини дека не е во ред, слушајте го вашето тело и одете на лекар.

Не игнорирајте. Ова е рак кој лесно се лекува доколку се забележи навреме“, има споделено актерката.

imashe-analen-rak-nejzinata-prva-12.JPG

Докторите верувале дека нејзиниот и ракот на сопругот се поврзани

Откако и Марша ја добила дијагнозата, нејзините лекари се сомневале дека ракот е поврзан со болеста на нејзиниот сопруг.

Верувале дека можеби и двата вида рак биле предизвикани од истиот ХПВ вирус, кој може да се пренесе преку сексуален однос.

По ова откритие, актерката само изјави дека планираат да ги вакцинираат нивните ќерки против вирусот.

imashe-analen-rak-nejzinata-prva-03.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Љубов каква што ретко постои: Мајкл Даглас (81) и Кетрин З. Џонс (56) се гледаат вљубено и по 25 год... Тој е 25 години постар од неа, во брак се исто така 25 години, а се трудат да из...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава