Анџелина Џоли сакала да се смири со Бред – ја одбил, па го отуѓила од децата за да му се одмазди

„Бред се покаја за она што го направи, многу жалеше. Јасно му е дека беше виновен. Никој не го оправдува она што го прави.

Тој не е криминалец, но искрено се извини, го реши проблемот со алкохолизмот и ја смири ситуацијата“.

andzhelina-dzholi-sakala-da-se-smiri-so-bred-ja-odbil-pa-go-otugjila-od-decata-za-da-mu-se-odmazdi-10.JPG

Иако инцидентот бил трауматичен, изворот тврди дека Џоли сепак пробала да го спаси бракот.

Но, Бред ја одбил и токму одовде потекнувал нејзиниот презир кон него. Ова ја поттикнало целосно да го оттргне од децата и да не му дозволи да има каков било контакт со нив.

Друг извор вели дека Џоли не планирала да му даде втора шанса, но сепак сакала разделбата да се случи мирно. Бидејќи ситуацијата сепак ескалирала, актерката почнала да чувствува презир и омраза.

„Со години одеа на терапевт со Бред и семејството, за сите да закрепнат од настаните што доведоа до развод“, вели изворот.

andzhelina-dzholi-sakala-da-se-smiri-so-bred-ja-odbil-pa-go-otugjila-od-decata-za-da-mu-se-odmazdi-05.JPG

Трет извор, близок до Бред Пит, вели дека првично добиле заедничко старателство.

„Штом се разделија, судијата кој работеше на случајот, истиот кој беше на нивната венчавка во Франција, помина месеци со случајот за старателството.

Децата беа интервјуирани од терапевти и кажаа што сакаат“.

andzhelina-dzholi-sakala-da-se-smiri-so-bred-ja-odbil-pa-go-otugjila-od-decata-za-da-mu-se-odmazdi-03.JPG

Иако првично судијата одлучил дека треба да имаат заедничко старателство, подоцна одлуката била отфрлена бидејќи судијата наводно имал некаква поврзаност со адвокатите на Бред.

Па, оттогаш Џоли има целосно старателство над децата и не е познато кога последен пат Бред имал можност да ги види.

andzhelina-dzholi-sakala-da-se-smiri-so-bred-ja-odbil-pa-go-otugjila-od-decata-za-da-mu-se-odmazdi-11.JPG

Сепак, тој продолжувал да се грижи за нив, барем финансиски.

„Отсекогаш бил многу дарежлив за децата, и покрај тоа што се отуѓени. Тој е личност која секогаш го прави она што е правилно“.

andzhelina-dzholi-sakala-da-se-smiri-so-bred-ja-odbil-pa-go-otugjila-od-decata-za-da-mu-se-odmazdi-02.JPG

Изворот додава и дека на актерот воопшто не му е лесно, но пробувал да си ги оттргне мислите со работа.

„Смета дека засекогаш ги има изгубено децата, дека сега веќе нема назад. Помина цела деценија без никаков контакт со нив. Тие не го знаат, а и тој не ги знае нив, и ова е тажно.

За да се справи со мислите, постојано работи. Кога не глуми во филм, тогаш е продуцент, а некогаш и двете истовремено. Исто така има и други бизниси и винарија“.

andzhelina-dzholi-sakala-da-se-smiri-so-bred-ja-odbil-pa-go-otugjila-od-decata-za-da-mu-se-odmazdi-12.JPG

Сепак, не престанувал да се надева на чудо.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава