„Не се толку богати, домовите им се одвратни“: Какви се навистина славните личности, според луѓе кои работеле во Холивуд?
- Детали
- сабота, 27 јуни 2026
„Повеќето од нив се глупави. Не знам кој друг збор да го употребам. Си мислите дека ако минуваат толку многу време со луѓе и во патување дека ќе научат нешто. Но, не е така. Знам неколку познати личности кои не знаат да собираат и одземаат. Има и некои кои немаат прочитано ништо освен сценарио“.

Обично мислиме дека познатите личности се такви какви што ги гледаме на настани или во интервјуа.
Сметаме и дека со објавите на социјалните мрежи ни покажуваат дел од нивниот приватен живот и нивниот карактер.
Нo, во реалноста, голем дел од ова е само глума.
Па, какви се славните навистина, според луѓе кои работеле во Холивуд?
„Имам пријателка која работи како агент во Лос Анџелес. Многу од браковите на славните парови се договорени – воопшто не минуваат време заедно, а некои не се ни сакаат.
Многу славни мажи се венчаат со млади старлети бидејќи сакаат бебиња, но чекаат да наполнат 40 и повеќе години за да престанат да спијат со други жени“.
„Ќе бидете изненадени од лошата хигиена и расипаните заби на многу славни, особено мажите. Исто така, има славни со одвратни домови – милениците им одат во тоалет на подот.
Не можам ни да ви опишам колку се одвратни некои луѓе“.
„Долго време сум во Лос Анџелес и сум сретнал многу славни личности. Нивните домови изгледаат како студентска соба, одвратно е. Исто така, како да немаат концепт за пари – може туку-така да ви дадат сто долари.
Но, повеќето се навистина добри, изгледаат како да не знаат ништо за реалниот свет“.
„Работам во филмската индустрија и има огромна разлика помеѓу актери и ’филмски ѕвезди‘. Актерите се нормални, обични луѓе. Филмските ѕвезди имаат некаква харизма поради која се издвојуваат од другите.
На пример, мојот шеф, кој е продуцент, се запозна со Џорџ Клуни и ми рече дека бил восхитен од него – Клуни му го посветил целото внимание и го слушал навистина внимателно додека разговарале: “
„Славните не се луѓето што ги гледаме на црвен тепих, интервјуа и слично. Повеќето актери со коишто сум работел се многу поразлични приватно.
Многумина се поинтровертни, почудни и слично. Во јавност само глумат некоја друга верзија од себе“.
„Многу од нив имаат поразличен глас во живо отколку на камера. Мнооогу поразличен“.
„Бројни славни личности се многу несигурни“.
„Сите се замрзнати на возраста на којашто се прославиле. Кристина Агилера секогаш е 13-годишно девојче. Адам Левин е 18-годишен пејач, Робин Вилијамс е 25-годишен маж со смисла за хумор…
Па, им станува тешко да созреат како обичните луѓе“.
„Повеќето се многу пониски отколку што мислите“.
„Многу од нив изгледаат како лижавчиња – имаат мало тело, но поголема глава“.
„Имав пријателка која беше дадилка за славна жена. Ми кажа дека жената се чувствувала многу осамено и не можела да му верува на никој. Другарка ми ја гледала како единствена пријателка и беше навистина тажно“.
„Многу од нив не се толку богати колку што мислите, а скоро сите не знаат да менаџираат со нивните пари. Најмногу пари трошат на тоа да изгледаат богато пред јавноста“.
„Навистина изгледаат предобро во живо – од супермодели до актери. Неколкупати останав без зборови“.
„Повеќето од нив се глупави. Не знам кој друг збор да го употребам. Си мислите дека ако минуваат толку многу време со луѓе и во патување дека ќе научат нешто.
Но, не е така. Знам неколку познати личности кои не знаат да собираат и одземаат. Има и некои кои немаат прочитано ништо освен сценарио“.
Спирова С. | Црнобело