Го обвинуваа за канибализам, сега се споредува со Исус и очаен е да си ја спаси кариерата: Што се случи со актерот Арми Хамер?
- Детали
- вторник, 23 јуни 2026
Во 2021-ва, актерот Арми Хамер беше обвинет за силување и физички напад од неколку жени, а протекоа и пораки во кои ги споделува неговите бизарни фантазии кои вклучуваат канибализам. Иако немаше доволно докази за да биде обвинет за нешто, неговата кариера заврши. Но, сега пробува да се врати во Холивуд, иако поголемиот дел од јавноста смета дека е „луд и опасен“ и надлежните треба да внимаваат на него.

Ако името Арми Хамер не ви звучи познато, можеби ќе се сетите на обвиненијата против актерот од пред неколку години.
Арми беше обвинет за физичко и сексуално насилство, но дури и за канибализам, од страна на неколку жени.
Актерот беше под истрага и беше ослободен од обвиненијата, но целата ситуација го означи крајот на неговата кариера.
Сега, три години подоцна, Арми пробува да се врати на сцената, но во ново бизарно интервју почна да се споредува со Исус Христос.
За The Hollywood Reporter, 39-годишниот актер се присетува на периодот кога се појавија обвиненијата, како и реакцијата на неговиот татко – бизнисменот Мајкл Арманд Хамер.
„Беше гневен. Ми рече ’Ќе му се јавам на тој што шири гласини‘. Навистина сакаше да се преземе нешто“.
Но, актерот му рекол дека не сакал да почне да се брани во јавност, па тогаш се спореди со Исус.
„Му реков ’Слушај, веќе сум на крстот. Клиновите ми се во дланките. Не се симнувам од овој крст без разлика што ќе направиме.
И колку повеќе давам отпор, толку подолго ќе бидам таму горе‘“.
Обвиненијата против Арми беа навистина сериозни. Во 2021 година, негова поранешна девојка го обвини за брутално силување кое траело со часови, а со слични обвиненија излегоа и уште неколку жени.
Истиот период во јавност протекоа пораки кои наводно Арми ѝ ги праќал на негова поранешна девојка, а во кои споделува негови одвратни фантазии поврзани со канибализам.
Истрагата против актерот започна во 2023 година, но по некое време случајот беше затворен бидејќи наводно немало доволно докази за обвинение.
Актерот до денес ги негира сите обвиненија, а сега вели дека не пробувал да се одбрани бидејќи сметал дека е бесцелно.
„Кога давате отпор на нешто, тоа трае. Немаше ништо што би можел да кажам, а што ќе ми ја подобреше ситуацијата. Имаше период кој опсесивно читав што кажуваа луѓето.
Но, сфатив дека ова не ми е од никаква корист. Сфатив дека можам само да се фокусирам на мене и моите деца и на тоа да останам здрава личност и да созревам“, споделува актерот во интервјуто.
Во периодот кога се појавија обвиненијата, актерот беше во брак, но сопругата го остави во 2023-та.