Го обвинуваа за канибализам, сега се споредува со Исус и очаен е да си ја спаси кариерата: Што се случи со актерот Арми Хамер?
Голем дел од јавноста не верува дека Арми е невин и токму затоа неговата кариера заврши, но тој иако се самосожалува, вели дека сам е виновен што дозволил скандалот да ескалира.
„Самиот си ги создадов овие проблеми. Не го направив она што луѓето веруваат дека сум го направил. Но, во мојот живот имаше многу опасни луѓе и разгневив многу луѓе, па еве нè овде“.
Тој вели дека удел имало неговото влошено ментално здравје.
„Здравите луѓе нема да реагираат како мене. Би сакал да имав можност сето ова да го направам на понежен начин. Но, на крајот од денот, тоа е што е“.
Таткото на Арми беше богат бизнисмен, но по неговата смрт во 2022-ра, актерот вели дека добил мало наследство, па не можел да си дозволи да се откаже од актерската кариера.
Но, ја немаше опцијата да продолжи да глуми бидејќи доби отказ од неговата агенција и изгуби бројни улоги.
Сега актерот пробува да направи камбек и се преселил во Лос Анџелес со надеж дека ќе најде работа. Но, признава дека не е лесно.
„Се вратив во градот кој мислев дека е мој, но градот продолжил без мене. Самиот си ги создадов овие проблеми“.
Засега нема информации дека Арми работи на некој филмски проект, иако вели дека добил понуда, а реакциите на јавноста во врска со интервјуто се генерално негативни.
„Ми звучи лудо. По само десет минути од интервјуто ме заболе глава. Мислам дека треба да следат што прави“.
„Со ова интервју докажа дека нешто не е во ред со него“.
„Класичен психопат. Татко му му оставил милиони, а немал доволно за живот?“
„Кога луѓето ќе заборават колку е луд, тој повторно ги потсетува“.
Што се однесува до поранешната сопруга на Арми, со која има две деца, таа само сподели дека била шокирана од обвиненијата и не проба да го одбрани.
Сподели и дека главната цел ѝ е да ги заштити нивните деца од целата ситуација.
По разводот, тие успеаја да одржат некаков однос поради нивните деца, но таа одбива да коментира каков татко е.
Спирова С. | Црнобело