Почина актерката Бренда Фрикер, позната како бездомничката со птици од Home Alone
- Детали
- сабота, 18 јули 2026
Бренда освои и Оскар, но публиката сепак најмногу ја засака како бездомничката со птици, која се спријатели со Кевин, ликот на Меколи Калкин, во Home Alone 2.

Оскаровката Бренда Фрикер почина на 81-годишна возраст.
Таа освои Оскар за најдобра споредна женска улога во 1990 година во филмот My Left Foot, каде што ја глумеше мајката на Даниел Деј-Луис.

Својата последна улога ја одигра во 2010 година.
Но, публиката најмногу ја засака како бездомничката со птици, која се спријатели со Кевин, ликот на Меколи Калкин, во Home Alone 2.

Во изјава по смртта на Бренда, нејзиниот агент Фил Белфилд рече:
„Никогаш повеќе нема да ја видиме, а светот ќе биде помал зашто таа веќе не е во него“.

А. Ј. | Црнобело