Хајди Клум со топлес видео од плажа - ги покажа фалтите на грбот и целулитот на задникот: „Подобро е кога не сме преслаби“
- Детали
- петок, 24 јули 2026
„Мојот сопруг беше првиот што ми рече: ‘Треба повеќе да јадеш, ќе изгледаш подобро ако имаш малку повеќе месо на коските’ и сега прифаќам дека со текот на времето се здебелив и тоа е во ред“, вели Хајди Клум (53).

Хајди Клум ужива на сонце на плажа во топлес издание со кесичка чипс.

Супермоделот ужива во тропскиот амбиент заедно со едно од своите сакани кучиња.

Еден обожавател се пошегува: „Овој чипс ја доби најдобрата реклама во 2026 година“.

Во друго видео, Клум го подигнува кучето високо над главата, свртена со грб кон камерата.

Потоа се врти, без горен дел од бикините и го прегрнува миленикот, додека широката шапка ѝ го покрива лицето.
Безгрижниот одмор доаѓа кратко по соработката на Клум со германскиот бренд за грицки Funny-Frisch, со кој лансираше специјална линија чипсови Chipsfrisch by Heidi Klum.
Затоа кесичката чипс што ја користеше како „покривка“ претставува всушност промоција на кампањата.
Хајди топлес јаде чипс - видеото погледнете го ТУКА...
Kликнете на видеото каде топлес влегува во море и го покажува несовршеностите - ТУКА...
Неколку седмици претходно, супермоделот зборуваше за тоа како го прифаќа своето тело и зошто не сака да ги следи трендовите за слабеење во Холивуд.

Во интервју за Us Weekly, Клум изјави дека воопшто не е заинтересирана за лекови за слабеење како Ozempic, додавајќи дека нејзиниот сопруг Том Каулиц ѝ помогнал да се ослободи од притисокот на модната индустрија секогаш да биде послаба.
„Воопшто не ме интересира“, рече таа кога беше прашана за лековите за слабеење.

Наместо тоа, Клум вели дека ги прифаќа промените што доаѓаат со годините.
„Со текот на времето се здебелив. Повеќе не носам фармерки со број 24. Но, мислам дека со возраста изгледаме подобро кога не сме премногу слаби“.
