Хајди Клум со топлес видео од плажа - ги покажа фалтите на грбот и целулитот на задникот: „Подобро е кога не сме преслаби“
53-годишната манекенка откри дека токму Том Каулиц прв ѝ укажал дека модната индустрија има нереални стандарди за убавина.
„Мојот сопруг беше првиот што ми го кажа тоа. Ми рече: ‘Треба повеќе да јадеш, ќе изгледаш подобро ако имаш малку повеќе месо на коските.’
Бев изненадена, бидејќи во оваа индустрија никогаш не ти велат такво нешто – секогаш очекуваат да бидеш уште послаба“.

Таа признава дека подоцна сфатила дека бил во право.
„Кога ќе ги погледнам старите фотографии, си велам: ‘Во право беше!’ Пропорционално, изгледам подобро кога имам малку повеќе килограми“.

Хајди Клум и германскиот музичар Том Каулиц тајно се венчаа во 2019 година, а подоцна ја прославија свадбата со раскошна церемонија на суперјахта покрај брегот на Капри, Италија.

С. С. | Црнобело