Топ 10 третмани на кои одат ѕвездите пред доделување на Оскар

Еве како една холивудска медицинска сестра им помага на познатите дами за кратко време да постигнат беспрекорен изглед и да заблескаат на црвениот тепих.

top-10-tretmani-na-koi-odat-zvezdite-pred-dodeluvanje-na-oskar-1

Џејми Шерил е медицинска сестра и сосопственик на салонот за убавина "Beauty Park Medical Spa" во Санта Моника и е најзафатена овие денови во Холивуд. Таа од рано наутро до доцна навечер им е на располагање на ѕвездите кои сакаат да се подмладат и да имаат потенка линија на доделувањето на Оскар.

Таа ги открива десетте предоскаровски третмани кои во најкус рок прават чуда, а за некои од нив ѕвездите мораат да платат и до $3000 долари.

1. Бејби филери
Посебни ултра тенки игли со кои во лицето се вбризгуваат многу мали количини на хијалуронска киселина за да се израмнат и најситните бори без ниту една лузна.

top-10-tretmani-na-koi-odat-zvezdite-pred-dodeluvanje-na-oskar-2

2. Инстант затегнување
Посебен уред емитува радио фрекфенции кои моментално ја затегнува кожата и ја израмнува неправилноста како на пример целулитот, а кожата станува неверојатно мазна и блескава.

3. Ботокс лајт
Вбризгување на многу мали количини ботокс не стратешки места на челото после што мимиката на лицето останува активна, а лицето максимално затегнато.

4. Витамински ИМ инјекции
Инјекции кои содржат витамини Б и Ц, кои на кожата и даваат долготрајна свежина и ја штитат од дразбите на сонцето и ветерот.

5. „Убиец“ на акните
Инјекции кортизол кои се вбризгуваат на воспаленото подрачје. За време од 48 часа акните потполно ги снемува, а оштетувањата на кожата се „затвораат“ и ги снемува.

top-10-tretmani-na-koi-odat-zvezdite-pred-dodeluvanje-na-oskar-3

6. Инстант фејслифтинг
Ја измазнува текстурата на кожата и го решава проблемот на црвенило или некои други иритации предизвикани од надворешни влијанија, умор, козметички или временски прилики.

7. Вагинално подмладување
Потфат на затегнување на кожата на подрачјето на бикини зоната и бедрата. Третманот потполно го решава проблемот со враснати влакна, црвенило и иритација на кожата што е многу важно за убавиците кои носат фустани со длабок шлиц.

8. Затегнување на масните наслаги
„Израмнување“ на површината на целото тело. Со посебен уред за разбивање на маснотитте моментално се затегнува стомакот, а „појасите“ околу стомакот ги снемува. Нема ни опуштена кожа.

9. Електрично затегнување на лицето
На лицето му дава блескав изглед, ја поттикнува лимфната дренажа, ги убива бактериите кои предизвикуваат акни и ги брише подочниците.

10. Маска против бактериски воспалувања
Силната шминка како и агресивните третмани на лицето може да предизвикаат воспаленија. Маската која се состои од газа натопена со течен кислород ги убива бактериите и ја смирува кожата.

Би можело да ве интересира:

Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
„Таа е магионичар, блескам заради неа“ – Ева Лонгорија (50) за српската докторка во Дубаи која ја од... „Кога одам кај неа, излегувам здрава и блескава“ – вели Ева Лонгорија за српскат...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
„Рано е, но заљубени се“ – Лиам Нисон и Памела Андерсон официјално се најомилениот холивудски пар „Со Памела... За почеток, лудо сум заљубен во неа. Таа е одлична за работа. Не м...

Најчитани неделава