7 познати личности кои биле инструктори по аеробик

Пред да влезат во светот на глумата и политиката, овие јавни личности се занимавале со аеробик. Тоа им било единствено занимање на одредено време, пред да постигнат светска слава.

7-poznati-licnosti-koi-nekogas-bile-instruktori-po-aerobik-01

По кратко време нивните интереси се измениле, но тие и понатаму се во совршена форма. Еве за кои јавни личности станува збор.

1. Ева Лонгорија

Додека ја чекала холовудската кариера, актерката од серијата „Очајни домаќинки“ Ева Лонгорија, сметките ги плаќала работејќи како аеробик инструктор. Искуството во оава работа подоцна и било добредојдено когабила избрана за промотивно лице на спортската колекција “Bebe” во 2007 година.

2. Гери Халивел

Една од причините зошто Гери Халивел, бившата членка на групата „Спајс Грлс“ и било лесно на сцена да ја изведува тешката кореографија била поранешната професија, аеробик инструктор.

7-poznati-licnosti-koi-nekogas-bile-instruktori-po-aerobik-02

3. Џенифер Еспозито

Работата на актерите понекогаш не е лесна, особено на почетокот од кариерата. За да ги покрие сите трошоци, Џенифер Еспозито држела часови по аеробик на Менхетен, а тие имале и одличен ефект за изгледот на актерката.

4. Жан Клод Ван Дам

Мускулестото тело на Жан Клод Ван Дам е исто толку препознатливо како и неговите улоги. До него актерот не стигнал преку ноќ, за тоа се заслужни часовите по аеробик кои биле негова преокупација во седумдесеттите години.

5. Стефен Амел

Појавувањето на Стефен Амел во сериите „Прајват практис“, „Ханг“ и „Арау“ остана запомнето и по неговиот одличен изглед. Малку е познато дека овој актер работел како инструктор по аеробик во Холивуд. 

7-poznati-licnosti-koi-nekogas-bile-instruktori-po-aerobik-03

6. Џералд Форд

Американскиот претседател Џералд Форд пред да влезе во претседателскиот кабинет се занимавал со аеробик, како инструктор. Форд во 1942 година им се придружил на помосрските сили и добил цертификат за држење часови по аеробик во училиштето за летање „Кејпл Холс“ во Њујорк.

7. Џулија Бенсон  

Првата љубов на Канадската актерка Џулија Бенсон бил танцот. Затоа не изненадува фактот дека пред да стане актерка се занимавала со подучување на аеробик.

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“? „Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Тажни детали од животот на Мерил Стрип: Љубовта на нејзиниот живот почина од рак, ја нарекувале грда... Пред да се пробие во Холивуд, Мерил Стрип беше во врска со колега кој добил дија...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Холивудски ѕвезди што ги следи „оскаровската клетва“: Уништени кариери, семејни проблеми Откако двапати освои Оскар за најдобра актерка во главна улога, Хилари Свонк не ...

Најчитани неделава