Рецептот на Новак и Јелена за среќна врска

За нивната љубов не се знае премногу, освен она што сами го објавуваа во јавноста. Додека избраничките на останатите колеги на Новак беа манекенки, тој се одлучи за ненаметливата студентка по економија.

receptot-na-novak-i-jelena-za-srekjna-vrska-01

Во првата година беа речиси незабележливи во медиумите, без папараци и насловни страници. Но, како се искачуваше Новак на АТП листата, така растеше и неговата популарност, а со тоа и интересирањето за неговиот приватен живот.

Па така, почнаа да излегуваат секакви гласини за негови афери со некои познати девојки, озборувања за ставот на неговото семејство кон неговата избраничка, коментари на негови пријатели, но на оваа тема ниеден од нив двајца не зборуваше ништо. Двајцата мудро молчеа и си ги остваруваа успесите, секој во својата област.

Која е Јелена Ристиќ?

Економистката која го заинтригира светот е родена во 1985 во Белград, таму завршила и спортска гимназија, рекреативно се занимавала со тенис и атлетика. По средношколските денови, кога и го запознала Новак, родителите ја запишале на студии по економија во Милано, каде ги завршила студиите и се вработила во нафтена индустрија.

Откако почнала да живее со Новак и да го следи на сите негови турнири и настани, почнал и сè поголемиот интерес на медиумите за неа. Но, не само спортските, туку за неа се интересираат и многу модни медиуми. Секогаш насмеана, облечена во спортски-кежуал стил, ненаметливо, Јелена целосно го сврти медиумското внимание на себе.

receptot-na-novak-i-jelena-za-srekjna-vrska-1

По 8-годишна врска се вери со Новак, а со оглед на неговиот планетарен успех и нивната заедничка харизма како пар, се шпекуилира дека  нивната венчавка според гламурозноста и листата на познати ѕвезди кои ќе бидат поканети, ќе биде најспектакуларна венчавка која се случила во Србија.

receptot-na-novak-i-jelena-za-srekjna-vrska-2

Рецептот за успешна врска

За цело време додека во јавноста се ширеа секакви написи за нивната врска, се обидуваа да измислуваат афери и слично, тие останаа приземни, смирени и трпеливи. Јелена никогаш немаше изјавено нешто поврзано со нивната врска, никогаш не отстапила од својата биографија и имиџ на доктор на науки, која е во долга стабилна врска со познат спортист и личност која не сака да се експонира.

Тоа е она што всушност го фасцинира Новак, нејзината присебност, ненаметливост, стабилност, поддршка и успехот во нејзиниот професионален живот.

Уште одамна Ѓоковиќ има изјавено: „Млад сум, сакам добра забава, но имам прекрасна и стабилна врска со девојка која ме прави потполно среќен. Се трудам, ништо да не го наруши нашиот однос.“

Се забележува и кај многу други познати спортисти, меѓу кои и Роџер Федерер, Андре Агаси, Штефи Граф, Дејвид и Викторија Бекам, дека исклучително важно им е да имаат стабилност и поддршка од своите избранички. Познатите и атрактивни девојки се предизвик и тешко им одолеваат, но она што и самите го истакнуваат е дека за успешно да функционираат, да постигнуваат врвни успеси и да имаат среќен живот, потребна им е успешна девојка, љубов, сигурност и поддршка, а не разгалени девојки, озборувања и каприци.

receptot-na-novak-i-jelena-za-srekjna-vrska-3

Би можело да ве интересира:

Му беше девојка на Дражен Петровиќ, го одведе во смрт пред 30 години – Која е Клара Саланци, жената ... На денот на страшната несреќа пред 30 години, Клара Саланци го зела Дражен Петро...
Ја запознал на 17 години, ја запросил додека летале со балон: Љубовната приказна на Новак и Јелена Ѓ... „Нашите состаноци беа научна фантастика. Јас бев студент кој едвај можеше да си ...
Не ѝ дозволува да пали светло, ja тера да носи темни бои: Бизарниот однос на Ал Пачино (83) и девојк... „Тој инсистира таа да не пали светло во домот, затоа што не сака себеси да се гл...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg