Колку животни настрадале за време на снимањето на најпопуларните филмови?

Тигарот од филмот „Животот на Пи“ за малку ќе се удавел, а 27 животни умреле за време на снимањето на „Хобит“. Откријте ја шокантната вистина која се крие зад реченицата: „Ниедно животно не е повредено во текот на снимањето на овој филм“.

kolku-zivotni-nastradale-za-vreme-an-snimanjeto-na-najpopularnite-filmovi-01

Американската хумана асоцијација е задолжена за грижата за животните „ангажирани“ во некој филм, но неодамна откриените податоци укажуваат на тоа дека оваа организација вложила поголем труд во прикривањето на фактот дека животните и тоа како страдале за време на снимањето.

„Холивуд рипортер“ пишува дека некои од „големите имиња“ на холивудската продукција сведочат на повредите и смртта на животните на сетот, повикувајќи се на тврдењето на поранешен агент во една лосанџелска организација за заштита на животните.

kolku-zivotni-nastradale-za-vreme-an-snimanjeto-na-najpopularnite-filmovi-1

 Над десетина риби и лигњи умреле поради експлозија, а биле дел од специјалните ефекти на снимањето на филмот „Пиратите од Карибите“.

 Точно 27 животни, меѓу кои и овци, кози, умреле на сетот при снимањето на „Хобит“, од премор, дехидратација или давење, а четири коњи настрадале на снимањето на серијата „Luck“ за телевизијата HBO.

Тигарот - ѕвезда на филмот „Животот на Пи“, ќе се удавел сигурно во една од сцените, ако неговиот дресер не успеал да го извлече на брегот.

Сепак, на крајот од овие филмови се прикажува вообичаената порака: „Ниедно животно не е повредено во текот на снимањето на овој филм“.

kolku-zivotni-nastradale-za-vreme-an-snimanjeto-na-najpopularnite-filmovi-2

Би можело да ве интересира:

Од анонимен статист, до ѕвезда што ја освои и Зендеја: Како Џејкоб Елорди стана најпосакуваниот ерге... Во период од само неколку години, Џејкоб Елорди стана еден од најбараните холиву...
Дамиано Давид прослави 2 години врска со саканата, која му порача: „Животот стана толку убав откако ... „Најдобрите 2 години од мојот живот... Најмалку еднаш неделно се расплакувам, за...
Бизарната опсесија на Марго Роби (35) со Џејкоб Елорди (28) додека го промовираат Wuthering Heights:... Марго Роби десетина години е во брак со сопругот продуцент, но за време на промо...
Ја запознал на сетот на Titanic, ја остави третата сопруга за неа: Љубовта на Џејмс Камерон и сопруг... Режисерот Џејмс Камерон и неговата сопруга се во брак веќе 25 години. Се шпекули...
Го бодри кога снима љубовни сцени со колешки, ја смени религијата за него: Детали за бракот на Адам ... Адам Сендлер има изјавено дека кога снима сцени со бакнување, сопругата го мотив...
Брижит Бардо за мрачните периоди од животот: „Се плашам од луѓе, ме спаси чудо кога пробав да се сам... Во нов документарен филм за нејзиниот живот, актерката Брижит Бардо се присетува...

Најчитани неделава