Нов љубовен пар меѓу натпреварувачите на „Х – фактор“

Откако први својата љубов ја обелоденија Младен Лукиќ и Катарина Манојловиќ, на ова шоу се роди уште една љубов меѓу натпреварувачите од двата бенда. Вања Мишиќ (20) од „4U“ и Армин Маликиќ (22) од „Доктори“ се постојано заедно!

nov-ljuboven-par-megju-natprevaruvacite-na-x-faktor-01

Како што се дознава, тие двајца се зближиле додека се бореле за пласман во групата на Кристина Ковач, каде што натпреварувачите беа поделени во бендови. Со оглед на тоа што и двајцата се останати со своите бендови, но кај истата менторка, тие поминуваат многу време заедно во текот на пробите.

„Веднаш забележавме дека нешто се случува меѓу нив, бидејќи почнаа да се издвојуваат. Иако се обидуваат да ги скријат симпатиите кои ги имаат еден кон друг, очигледно е дека се заљубени. Армин дури им признал и на некои од момците колку му се допаѓа Вања, но дека ќе ја покани да излезат, дури по завршувањето на „Х – фактор“, бидејќи се плаши дека романсата може да им попречи во посветеноста на шоуто“. – изјавил извор близок до двајцата.

Тие двајца уште на почетокот на натпреварувањето многу често беа заедно бидејќи двајцата доаѓаат од Босна. Вања е родена и живее во Бања Лука, а Армин е веќе познат во Бановиќи.

Меѓусебно се поддржуваат и си помагаат за време на пробите пред настапите во живо.

„Имаат и сличен музички вкус, двајцата сакаат да слушаат електронска музика и многу ја почитуваат Кристина Ковач. Би било убаво кога нивната љубов би заживеала, бидејќи се навистина убав пар“. – кажал еден од натпреварувачите кои не сака да го открие својот идентитет.

nov-ljuboven-par-megju-natprevaruvacite-na-x-faktor-1

Додека повеќето натпреварувачи веќе си наоѓаат парови меѓу себе, нашиот Даниел веројатно ќе има потешка задача.

Тој не може да ги преброи подароците и телефонските броеви кои постојано му пристигнуваат од обожавателки ширум целиот Балкан.

Мечиња, играчки, телефонски картички со снимени пораки и најразлични откачени подароци се постојани пратки до него.

Веројатно нема да може така лесно да се одлучи и да им ги скрши срцата изјавувајќи љубов само на една девојка.

nov-ljuboven-par-megju-natprevaruvacite-na-x-faktor-2

Би можело да ве интересира:

Љубов каква што ретко постои: Мајкл Даглас (81) и Кетрин З. Џонс (56) се гледаат вљубено и по 25 год... Тој е 25 години постар од неа, во брак се исто така 25 години, а се трудат да из...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Кристина Агилера во фустан што го носеше пред 22 години, фановите загрижени: „Изгледа болно, ѝ треба... „Дали е Кристина Агилера добра? Не ми личи дека е здраво“ - велат загрижените фа...

Најчитани неделава