Кристина Агилера во фустан што го носеше пред 22 години, фановите загрижени: „Изгледа болно, ѝ треба помош“
- Детали
- среда, 23 јули 2025
„Дали е Кристина Агилера добра? Не ми личи дека е здрава“ - велат загрижените фанови, откако пејачката, се појави во Лондон, видно ослабена и со испиено лице.

Музичката ѕвезда Кристина Агилера деновиве е во Лондон, каде што дојде на премиерата на мјузиклот Burlesque: The Musical, сценска адаптација на филмот Burlesque од 2010 година, во кој таа ја имаше главната улога, заедно со Шер.

На премиерата, пред лондонскиот театар, Кристина се појави во маслинест фустан, креација на Versace, а кој го носеше за фотосесија во далечната 2003-та.

Новите фотки на Кристина ги загрижија фановите. Едни тврдат дека таа користи Оземпик за да ослабе, други пак се згрозени од нејзиното преслабо тело и испиено лице.
„Дали е Кристина Агилера добра? Не ми личи дека е здрава“ - е еден од коментарите на Твитер.
Многумина велат дека пејачката делува болно, дури и како да е дух, и дека навистина ѝ треба помош.
Кристина до пред некое време мачеше мака со вишокот килограми, но тврди дека новиот изглед се должи на здрава исхрана, вежбање и здрав начин на живот, демантирајќи дека користи Оземпик.

И покрај тоа што е, можеби и послаба отколку на фотките во истиот фустан направени пред 22 години, Кристина доби и пофалби за изгледот од своите следбеници на Инстаграм.
Тие велат дека е прекрасна и дека никогаш не изгледала подобро.
А. Ј. | Црнобело