Мартин Јорданоски и Ивана Ристевска се вториот пар кој го напушти шоуто „Танц со ѕвездите 2“

Младиот актер Мартин Јорданоски и неговата партнерка Ивана Ристеска овој викенд го напуштија шоуто „Танц со ѕвездите 2.“

martin-jordanoski-i-ivana-ristevska-se-vtoriot-par-koj-go-napusti-souta-tanc-so-zvezdite-2-01

Мартин и Ивана одиграа 2-минутна самба, тематски базирана на 80-те години, што воедно беше и темата на најновата епизода на ова танцово шоу.

Но, нивните танцови способности изгледа не ја воодушевија публиката, ниту жирито.

За првпат во Македонија, во последната епизода на „Танц со ѕвездите 2“ видовме ретро издание на ова шоу. Продукцијата „Дрим фактори“ се погрижила од костимите, шминката, фризурата, па сè до музиката да биде во ретро стил.

„Според реакциите на публиката и гледачите сме успеале да направиме вистинско освежување во македонскиот етер и нивните барања се да продолжиме со тематски емисии“, вели Огнен Антов – продуцент на „Танц со ѕвездите“.

Најголема ретро трансформација имаше кај водителот Тони Михајловски, кој сега има нова црна коса и кај Васил Зафирчев, членот на жирито кој доби нова бујна коса и ретро стил во каков што досега не сме го виделе.

На првата вечер, во саботата, покрај Мартин и Ивана со својот ревијален танц настапија и Александра Накова и Илија Карадакоски со англиски валцер, Димитар Атанасовски и Јована Василева со џаив, Наташа Мешковска и Роланд Паради со слоу фокс, а Франц и Наде Миленкова одиграа ча ча.

martin-jordanoski-i-ivana-ristevska-se-vtoriot-par-koj-go-napusti-souta-tanc-so-zvezdite-2-02

Во вториот дел, односно во неделата, своите танцови способности ги одмерија Стефан Лошковски и Симона Веселиновска со виенски валцер, Наташа Илиевска и Даниел Кимовски со румба, Сара Мејс и Мишо Спасовски со квик степ и Влатко Илиевски и Марина Овезовска со одлично танго.

martin-jordanoski-i-ivana-ristevska-se-vtoriot-par-koj-go-napusti-souta-tanc-so-zvezdite-2-03

Доколку пропуштивте некој од паровите, погледнете ги во продолжение и не заборавајте да го поддржите вашиот фаворит.

Мартин Јорданоски и Ивана Ристевска


Александра Накова и Илија Карадакоски


Димитар Атанасовски и Јована Василева


Наташа Мешковска и Роланд Паради


Франц и Наде Миленкова


Стефан Лошковски и Симона Веселиновска


Наташа Илиевска и Даниел Кимовски


Сара Мејс и Мишо Спасовски


Влатко Илиевски и Марина Овезовска

Би можело да ве интересира:

Синовите на Рики Мартин пораснаа во момци кои се копија на нивниот згоден татко (фото) Сите ги помниме како малите слатки момчиња со руса коса, а сега како преку ноќ д...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...
Татко ѝ ја оставил на метро станица, во 30-тите се прослави преку ноќ: Тешкиот пат до успехот на Син... Откако татко ѝ ја напуштил на 16-годишна возраст, Синтија останала со нејзината ...
Зошто ѕвездите како Ерик Дејн остануваат без пари? Кампањата за донации за ќерките на Ерик Дејн се соочи со критики од јавноста бид...
Хејли Бибер јаде крофна, девојката на ди Каприо со бургер – и ѕвездите се „обични“ луѓе, гладни по „... По афтер забавата на Оскарите, дел од ѕвездите беа забележани со храна во рака и...
Една актерка почина, друга се тужи со режисер: Што се случи со ѕвездите од Gossip Girl? Актерот што го глуми Чак Бас беше обвинет за силување, па си ја уништи кариерата...

Најчитани неделава