Славни личности кои умреле од предозирање

Во светот на познатите дрогата е дел од секојдневието, славата и шоубизнисот. Но, често некои не знаат за граница, па знаат да го преминат прагот од кој нема назад.

slavni-licnosti-koi-umrele-od-predoziranje-01

За жал, големи и значајни луѓе во филмот и музиката прерано го напуштија овој свет, токму поради предозирање или мешање на различни супстанци.

Најчесто првичните информации се дека имале неочекувана смрт или срцев удар, за кој подоцна се открива дека е како последица на предозирање.

Philip Seymour Hoffman (23.7.1967 – 2.2.2014)

Како угледен и многу познат глумец, Хофман важеше за јавна личност која е далеку од холивудските рефлектори сè додека не беше откриена неговата голема интимна тајна дека после 23 години трезност повторно му се вратил на хероинот. Со оглед на неговиот талент му беше доделена значајна улога во култниот филм „The hunger games“ и режија на филмот „Ezekiel Moss“. Но, ништо од тоа веќе не беше важно кога на 2.2.2014 година беше пронајдено неговото мртво тело и иглата до него.

slavni-licnosti-koi-umrele-od-predoziranje-1


Heath Ledger (4.4.1979 – 22.1.2008)

Фантастичен глумец кој беше познат по неверојатно добрите улоги во филмовитеThe Dark Knight“, „Candy“, „Casanova“, „10 Things I hate about you“, почина во неговиот стан во Њујорк од ненадејно труење со лекови.

slavni-licnosti-koi-umrele-od-predoziranje-2


Marilyn Monroe (1.6.1926– 5.8.1962)

Иако со години постоеја разни теории на заговор, полицијата од Лос Анџелес потврди дека во моментот на смртта легендарната ѕвезда умрела во својата куќа од предозирање со седативи кои сама ги земала.

slavni-licnosti-koi-umrele-od-predoziranje-3


Amy Winehouse (14.9.1983. – 23.7.2011)

За Ејми, јавноста знаеше дека користи дрога, особено кокаин и хероин, бидејќи таа тоа не го криеше и често беше пишувано по весниците. Но, официјално пејачката со извонреден глас и многу хитови умре од предозирање со алкохол.

slavni-licnosti-koi-umrele-od-predoziranje-4


Michael Jackson (29.8.1958 – 25.6.2009)

Кралот на поп музиката кој со години јавно се бореше против недозволените супстанци  почина во својот стан во Беверли Хилс од срцев удар кој го предизвикале лековите за спиење. Лековите му ги препишал д-р Конард Мареј кој во ноември 2011 година е осуден на 4 години затвор за негово убиство.

slavni-licnosti-koi-umrele-od-predoziranje-5


Anna Nicole Smith (28.11.1967 – 8.2.2007)

Пет месеци откако го изгуби својот син Даниел, кој неочекувано се предозирал со лекови, Ана исто така почина од предозирање. Пронајдена е во хотел во Холивуд, а причината за смртта е препишана на консумацијата голема количина лекови за спиење како и некои недозволени супстанци.

slavni-licnosti-koi-umrele-od-predoziranje-6


Cory Monteith (11.6.1982 – 13.7.2013)

Ѕвездата на серијата „Glee“ призна дека неговите проблеми со користењето недозволени супстанци почнале многу рано, бидејќи уште на 19 години бил на рехабилитација. Иако со години се трудел да остане чист, во април 2013 година повторно се вратил на рехабилитација, но не успеал да се одвикне. Кори беше пронајден мртов во хотелска соба во Ванкувер, а причина за смртта била комбинацијата од лекови, хероин и алкохол.

slavni-licnosti-koi-umrele-od-predoziranje-7


Judy Garland (10.6.1922 – 22.6.1969)

Легендарната пејачка и глумица водела јавна битка со недозволените супстанци во текот на целата своја кариера. Починала во својата родна куќа во Лондон, а нејзината трагична смрт официјално е објавена како „невнимателно предозирање“ со анти-депресиви.

slavni-licnosti-koi-umrele-od-predoziranje-8


River Phoenix (23.8.1970 – 31.10.1993)

Смртта на глумецот и постар брат на Joaquin Phoenix, ја прекина неговата кариера откако бил пронајден во ноќниот клуб The Viper Room во Холивуд. Голема количина кокаин, хероин и марихуана, како и лекови се главни причинители на престанокот на работата на срцето.

slavni-licnosti-koi-umrele-od-predoziranje-9


Chris Farley (15.2.1964 – 18.12.1997)

Ѕвездата на емисијата Saturday Night Live и позајмениот глас на филмот „Shrek“, кој подоцна беше заменет, неочекувано почина пред да го заврши снимањето, од предозирање со мешавина од кокаин и хероин во својот стан во Чикаго.

slavni-licnosti-koi-umrele-od-predoziranje-10


Jimi Hendrix (27.11.1942 – 18.9.1970)

Еден од највлијателните рокери на сите времиња умрел од гушење после повраќањето на голема количина анти-депресиви.

slavni-licnosti-koi-umrele-od-predoziranje-11


Janis Joplin (19.1.1943 – 4.10.1970)

Рок и блуз пејачката со препознатлив и специфичен глас и неверојатен талент умрела во хотел во Холивуд од предозирање со хероин.

slavni-licnosti-koi-umrele-od-predoziranje-12


Chris Kelly (11.8.1978 – 1.5.2013)

Раперот кој се прослави како член на хип-хоп групата Kriss Kross, умре во Атланта од предозирање со хероин, кокаин, етанол и уште неколку различни наркотици.

slavni-licnosti-koi-umrele-od-predoziranje-13


Brad Renfro (25.6.1982 – 15.1.2008)

Младиот глумец кој го освои Холивд со улогите во филмовите „Perfect student“ и „Тhe Client“ на 25 години почина од предозирање со хероин и морфиум.

slavni-licnosti-koi-umrele-od-predoziranje-14

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...

Најчитани неделава