Даниел Кајмакоски ќе го отвори големиот двочасовен концерт на „Х - фактор“ во сабота

Во сабота (7. јуни) конечно ќе имаме можност да бидеме дел од големиот концерт на финалистите на „Х Фактор“ кој ќе се одржи во арена „Борис Трајковски“ во Скопје.

daniel-kajmakoski-ke-go-otvori-golemiot-dvocasoven-koncert-na-x-faktor-vo-sabota-01

Финалистите на „Х Фактор“ се веќе подготвени за првата средба со своите македонски фанови на овој сензационален концерт чиј почеток е закажан во 21:00 часот, додека пак влезот за посетителите ќе биде отворен во 20:00 часот.  

Освен што е планирано тие да настапат со своите изведби од емисиите во живо на „Х Фактор“, дел од нив ќе ги презентираат и своите нови песни и преработки.

Честа да го отвори големиот концерт во сабота ќе ја има токму победникот на „Х Фактор“, Даниел Кајмакоски.


„На концертот во Скопје, голема чест е за мене што како домаќин ќе можам да ги угостам сите тие талентирани млади луѓе. Ние бевме и во Босна, во Бања Лука и атмосферата секаде беше одлична, но сигурен сум и убеден дека во Скопје во сабота ќе биде феноменално“ – изјави Даниел.

daniel-kajmakoski-ke-go-otvori-golemiot-dvocasoven-koncert-na-x-faktor-vo-sabota-1


Во контекст на последните шпекулации во медиумите за соработката на Даниел со „МБК“ продукција, тој додава: „Сето тоа не е точно. Излегоа муабети дека не сум ги добил наградите или дека нешто не е во ред со продукцијата, стварно тука не можам да ви дадам некој одговор, бидејќи и сами можете да видите дека автомобилот од наградата е тука, а паричната награда ќе ми биде доделена пред концертот во Скопје во сабота.

За сè друго можам само најдобро да зборувам за нас како финалисти и за МБК продукција. Јас сум исклучително благодарен што имав можност да го доживеам сè ова што ми се случи со учеството и победата на „Х-Фактор“. Продукцијата беше професионална и коректна кон мене за целото време, а нејзините обврски кон мене на најдобар начин завршуваат со концертот во Скопје, по што се надевам дека мојата кариера ќе продолжи и понатаму со нови успеси.“

daniel-kajmakoski-ke-go-otvori-golemiot-dvocasoven-koncert-na-x-faktor-vo-sabota-2


Покрај Даниел Кајмакоски, изведувачите кои ќе ги видиме на големиот концерт во Скопје се артистите кои се пласираа во 12-те финалисти на „Х-фактор Адриа“ како Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ, Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Маид Хеќимовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото „H2O“ сочинето од Фифи и Маринела, како и бендовите „Доктори“ и „4U“.

Во Скопје во сабота пристигнува и тим од 33 луѓе со вклучен стилист, тонец, продуценти од МБК продукција, креативниот директор на „Х-фактор“, како и бенд кој ќе ги придружува финалистите на сцената.

На концертот ќе се испеат точно 45 песни, меѓу кои ќе имаме чест за првпат да чуеме и неколку премиерни изведби на песни на финалистите, како на пример дуетот на „Доктори“ и Кристина Ковач, но и неколку изненадувања. Концертниот спектакл кој нè очекува во сабота ќе трае најмалку 120 минути. 

Сите кои сè уште не ги набавиле своите влезници имаат уште малку време за да си го обезбедат своето присуство на овој концерт. ВИП билетите за концертот се целосно распродадени, а останати се само уште 50 билети за најпопуларниот фан-пит, 280 билети за трибините, како и мал број влезници за партерот.  

Посакајте им топло добредојде на сите финалисти и дајте му ја најголемата македонска поддршка на Даниел!

daniel-kajmakoski-ke-go-otvori-golemiot-dvocasoven-koncert-na-x-faktor-vo-sabota-3

Би можело да ве интересира:

Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Го уапсија за проституција, живее на фарма: Што се случи со актерот кој го глуми Марв во „Сам дома“? Кон крајот на мината година, Даниел Стерн бил фатен додека се обидувал да најми ...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Анџелина Џоли со нови детали за разводот со Бред Пит: „Му ги оставив домовите, не плаќаше алиментаци... „Настаните кои доведоа до мојата потреба да се разведам беа многу емоционално те...

Најчитани неделава