Родени се со физички деформитет, но сепак станале славни

Дури и најсовршените холивудски глумци во реалноста не се толку иделни како на малите екрани. На насловните страници од омилените модни магазини сите изгледаат совршено, но во стварноста некои од нив за кои сте мислеле дека се идеални, всушност имаат физички дефотрмитети.

rodeni-so-fizicki-deformitet-no-sepak-stanale-slavni-01

Познато е дека Елизабет Тејлор имала пореметување поради кое ѝ растеле два реда трепки.

Хоакин Феникс

Познато е дека Хоакин Феникс има лузна над горната усна. Самиот глумец тврди дека неговата мајка почувствувала силна болка за време на бременоста и дека како последица на тоа, тој се родил со лузна, но не објаснил ни како ни зошто се случило тоа. Повеќето извори тврдат дека ваквата лузна е најблага форма на расцеп на непцата. Без оглед на тоа, уникатниот изглед му донел бројни улоги, а лузната воопшто не му пречела.

rodeni-so-fizicki-deformitet-no-sepak-stanale-slavni-1


Енди Гарсија

Енди направил кариера во Холивуд на која многумина може да ѝ позавидат, но малкумина знаат дека тој е роден со неразвиен сијамски близнак кој му бил закачен на рамото. Неговиот брат близнак бил со големина на грејпфрут и бил хирушки отстранет. Енди на тоа не се сеќава, но има лузна на рамото како спомен. Се разбира тоа воопшто не влијаело негативно на неговата кариера.

rodeni-so-fizicki-deformitet-no-sepak-stanale-slavni-2


Кеша

Популарната пејачка Кеша, тврди дека е родена со опашка. Таа вели дека тоа било мало опавче, помало и од 1 сантиметар, но хирушки ѝ бил отстранет. Сето тоа се случило кога била мала, а таа позната по својата контраверзност неколкупати јавно изјавувала дека се кае што веќе го нема.

rodeni-so-fizicki-deformitet-no-sepak-stanale-slavni-3


Марк Волберг

Започнал како музичар, а завршил како еден од најдобрите глумци во Холивуд. За Марк воздивнуваат многу жени, но не знаат дека тој има и трета брадавица веднаш под левата града. Тоа тој воопшто не го крие и го потврдува.

rodeni-so-fizicki-deformitet-no-sepak-stanale-slavni-4


Каролина Куркова

Поранешниот ангел на Victoria’s Secret има една интересна тајна. Таа е родена со кила на папокот, па докторите веднаш ја оперирале и денес нема папок. На многу слики  нејзиниот папок е додаден со Фотошоп, но на ревиите повеќепати покажала дека има вдлабнатина на местото каде би требало да биде папокот.

rodeni-so-fizicki-deformitet-no-sepak-stanale-slavni-5


Мила Кунис

Преубавата глумица има една интересна несовршеност, која само ја надополнува нејзината специфична убавина. Нејзините очи се со различна боја. Едното ѝ е сино, а другото зелено. Ваква појава имаат и Дејвид Боуви и Кејт Босфорт.

rodeni-so-fizicki-deformitet-no-sepak-stanale-slavni-6

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Почина во раце на братот Хоакин Феникс, растеше во секта: Факти за Ривер Феникс (23) миленикот на ти... „Има напади. Дојдете тука, те молам. Мора да дојдете овде, ве молам, бидејќи тој...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg