Првата официјална фотографија од свадбата на Новак и Јелена

Вестите за венчавката на Новак и Јелена ги пренесоа сите светски медиуми, а магазинот Hello ги има првите свадбени фотографии.

prvata-oficijalna-fotografija-od-svadbata-na-novak-i-jelena-001.jpg

Првиот тенисер во светот и неговата избраничка по 9 години врска решија да застанат пред олтарот на островот Свети Стефан и да го кажат судбоносното „да.“

Тоа го направија пред мермерна купола која била изработена посебно за оваа прилика, пред своите најблиски пријатели и семејството.

Млада одлучила да го земе презимето на својот сопруг, па од сега ќе се претставува како Јелена Ѓоковиќ.

Актуелниот шампион за кум го одбра својот другар од детството, Невен Марковиќ, додека старосватицата на Јелена е непозната за јавноста.

Прекрасната церемонија не можела да биде уништена ниту од лошото време, пропратено со дожд и грмотевици. Во моментот кога младенците ги читале своите завети силно загрмело, на што Новак искоментирал: „Ете, и Бог одобрува!“

По склучувањето на романтичниот граѓански брак, парот се венчаше во црква на 12 јули, по завршување на летниот пост.

Во првото дадено интервју Новак изјавил:

- Кога за прв пат ја видов во венчаница, како насмеана доаѓа кон мене... Изгледаше како ангел! Се обидував да бидам присутен во тој момент и да запаметам се. Бев фокусиран на неа и нејзината насмевка и нашето бебе. Тоа беше навистина совршен момент.

Јелена пак, открива дека се чувствувала многу понервозна од него:

- Бев многу нервозна и се ми беше матно. Го гледав низ солзи во очите и штом го видов заплакав. Бев толку среќна што очигледно заради бременоста е тешко да ги контролирам емоциите. Благодарна сум што го имам во животот.

Ова е првата официјална фотографија од најпрекрасниот ден на Јелена и Новак, а останатите објавени фотографии погледнете ги тука.

prvata-oficijalna-fotografija-od-svadbata-na-novak-i-jelena-01.jpg

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли со нови детали за разводот со Бред Пит: „Му ги оставив домовите, не плаќаше алиментаци... „Настаните кои доведоа до мојата потреба да се разведам беа многу емоционално те...
Добил син со ретко нарушување, правел развратни забави: Многуте тајни што Принц пробуваше да ги скри... Принц криеше дека добил син кој починал по само седум денови, наводно поради деф...
„Ме фаќа срам кога ќе се сетам што правев, чудо е што сум жив“: Чарли Шин искрен за пороците, прости... Осум години откако се ослободи од пороците, Чарли Шин напиша мемоари, а сними и ...
Први фотки од Пи Диди во затвор – со побелена брада, се смее со други затвореници Јавноста не го видела Пи Диди од септември минатата година, но сега се појавија ...
Камерон Дијаз (53) гордо ги покажа брчките и природната убавина, откако цела година се криеше од јав... Првпат по една година, Камерон Дијаз се појави во јавност, и тоа со сопругот и п...
Знаци дека Кортни Кардашијан и Тревис Баркер нема да издржат уште долго заедно Покрај тоа што се свршија и венчаа за многу краток период, Кортни и Тревис имаат...

Најчитани неделава