Прв ден „Пивофест“: Даниел Кајмакоски со еуфоричен настап (фото)

По дванаесетти пат започна најголемиот македонски фестивал на пивото, „Пивофест“ Прилеп. Се одржува од 17-ти до 20-ти јули и се очекува повторно да ги сруши сите рекорди на испиено пиво, изедена храна, многу туристи и одлична забава.

daniel-kajmakoski-euforicno-go-otvori-pivofest-foto-01

Она што ја гарантира добрата забава, започна уште на отворањето, кога на сцената се појави новиот миленик на македонската публика, Даниел Кајмакоски.

Незаборавен пречек, многу овации, аплаузи и солзи радосници. Огромната сцена од сите страни заобиколена со многубројните негови обожавателки кои едвај чекаа да го допрат.

Даниел не се штедеше ниту во изведбата на песните, ниту во комуникацијата со публиката, па се обидуваше постојано да е до нив.

Одлично ја загреа атмосферата, предизвика вистинска еуфорија и никого не остави рамнодушен.

Покрај него настапија и Joke - француска хип-хоп група, The Toasters - ска бенд од Менхетен, САД, слични на нашите „Суперхикс” и DJ Nas­tia Zoloto & First Enter­tain­ment кои со сценскиот настап буквално ги воодушевија сите и направија Прилеп да изгледа како вистинска светска денс сцена.

Би можело да ве интересира:

Парис Хилтон во штикли на плажа - пропаѓа во песокот додека сопругот вторпат ја запросува „Пет години подоцна, поради него срцето сè уште ми потскокнува. На Денот на...
Се свршија по 10 дена врска, двапати се разведуваа: Која е втората (и трета) сопруга на Илон Маск? Илон Маск имал 37, а Талула Рајли 22 години кога се запознале. Веднаш почнаа врс...
Огромна торта како количка, ја храни саканата како бебе – Марк Ентони и бремената сопруга направија ... Марк Ентони го очекува своето 8-мо дете, a со 30 години помладата сопруга направ...
Го уапсија за проституција, живее на фарма: Што се случи со актерот кој го глуми Марв во „Сам дома“? Кон крајот на мината година, Даниел Стерн бил фатен додека се обидувал да најми ...
Имаат 4 деца, син им го победи ракот: Љубовта на „младата бунтовничка“ и Мајкл Бубле трае 15 години По 15 години и четири деца, Мајкл Бубле и Луисана Лопилато го имаат едниот од на...
„Ме следеа папараци до дома“: Обични луѓе кои биле во врска со славна личност споделуваат (лоши) иск... „Излегував со холивудски актер. Еднаш ме однесе на забава со славни личности и… ...

Најчитани неделава