Пред да бидат славни

Секој почеток во светот на ворасните е тежок, па така и за оние холивудски ѕвезди за кои никогаш не би помислиле дека имале работа која што не е...

 

... врзана со нивните сегашни животи.

Еве ги нивните работни искуства пред да станат светски познати.

1. Мик Џегер - пред да се прослави на сцената, Џегер работел како портир во психијатарската болница во Лондон. Тоа било време додека студирал економија, а заработувал само бедни 6 еура неделно.

pred-da-bidat-slavni-tie-1

2. Џејсон Ли - ѕвездата од серијалот “Моето име е Ерл” извесно време работел во синџирот на ресторани за брза храна Taco Bell. На крајот од 1980-тите години тој почнал да изведува акробации со помош на скејтборд. Подоцна тој со својот скејтборд се појавил во една реклама, од кога пак започнале и неговите филмски ангажмани.

3. Пола Абдул - после своето студирање, пејачката се пријавила за чирлидерка во Л.А.Лејкерс и била избрана помеѓу 700 кандидатки. Нејзината енергија и балетски движења биле нешто дотогаш невидено па затоа само во рок од три недели станала и лидер на групата. За кратко време таа била забележана од некој луѓе од филмската продукација, по што го добива и својот прв филмски ангажман.

4. Дејвид Летерман - по дипломирањето во 1960 тата година, домаќинот на едно од најпопуларните шоуа, започнал со работа како известувач за временската прогонза на локалната телевизија. Неговиот настап и постојаните шеги во текот на неговото водење го направиле она што е денес.

5. Клинт Иствуд - пред да стане холивудска икона, Иствуд своите пари ги заработувал копајќи дупки за базени за славните во областа Беверли Хилс, додека пак во вечерните часови, посетувал курс по глума. Освен тоа Клинт работел и како дрвосечач, на бензинска пумпа и многу други обични работи.

6. Вупи Голдберг - пред да стане славна актерка и комичарка, Вупи работела ни помалку ни повеќе туку како ѕидар. Потоа работела како чистачка, а покасно го шминкала мртовци. Добро е што после се' успеала да ја задржи смислата за хумор.

7. Ози Озборн - пред да се прослави со својот бенд "Black Sabbath", Озборн работел во кланица. Оттаму изгледа дека има инспирација и за своите мрачни текстови и настапи.

8. Шон Конери - прва работа на познатиот актер била како млекар во неговата родна Шкотска. После отслужување на воениот рок работел различни работи како што се обезбедување, копач на дупки со помош на багери и на крајот работел и како модел. Во 1953 година се пријавил на изборот на Mr. Universe каде го освоил третото место, со што си ги отворил вратите за постигнување на голем успех во животот.

9. Метју Меконахеј - откако во 1988 година го завршил средното училиште, заминал во Австралија. Своите пари ги заработувал со миење на садови во некој од локалните ресторани. Во Америка се вратил во 1990 година каде што планирал да се вработи како адвокат. Но сепак желбата не му се остварува и завршува како актер на задоволство на многубројната публика.

10. Мадона - почетоците биле тешки и за оваа пејачка. Таа работела како продавачка на крофни во една продавница на Тајмс Сквер. Но, била отпуштена поради тоа што купувачите ги истурала со различните сосови.

Кој би рекол?!

Би можело да ве интересира:

Хајди Клум со топлес видео од плажа - ги покажа фалтите на грбот и целулитот на задникот: „Подобро е... „Мојот сопруг беше првиот што ми рече: ‘Треба повеќе да јадеш, ќе изгледаш подоб...
Има церебрална парализа, речиси го изгубил животот на 13 години: Кој е братот близнак на Ештон Кучер... Знаевте ли дека Ештон Кучер има брат близнак? Мајкл Кучер се родил со пречки во ...
Деца на познатите личности кои ретко ги гледаме во јавност – како изгледаат? Сте виделе ли некогаш како изгледаат децата на Чед Мајкл Муреј, или на Ештон Куч...
По два развода, Џесика Симпсон се забавува со помлади мажи: „Сакаат самоуверени возрасни жени, тоа м... „Мислам дека во моментов ми се допаѓаат само помлади мажи. Кога си тазе сингл......
Кристијано Роналдо и Џорџина на посета во Белата куќа – се фали со свршеничкиот прстен, вечера со на... Деновиве Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез се во САД, заедно со саудискиот п...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...

Најчитани неделава