Џеј Зи конечно призна дека ја изневерил Бијонсе: „Ги исклучив емоциите и тоа доведе до неверство“
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Референт 23-08-2019


Џеј Зи конечно призна дека ја изневерил Бијонсе: „Ги исклучив емоциите и тоа доведе до неверство“

Со помош на разговори, музика и терапија Џеј Зи и Бијонсе успеале да го сочуваат бракот по неверството.

dzej-zi-konechno-prizna-deka-ja-izneveril-bijonse-gi-iskluchiv-emociite-i-toa-dovede-do-neverstvo-01.jpg

Кружеа многу гласини околу бурите во бракот на Џеј Зи (47) и Бијонсе (36) и неговото неверство.

Но, хип хоп легендата дури сега проговори и отворено призна дека ја изневерил својата сопруга со која е 9 години во брак. Во интервју за „The New York Times“ Џеј Зи откри дека за таа постапка делумно се виновни лузните кои ги носи од тешкото минато и дека токму тие направиле да се исклучи и да ја оттурне својата сопруга од себе.

dzej-zi-konechno-prizna-deka-ja-izneveril-bijonse-gi-iskluchiv-emociite-i-toa-dovede-do-neverstvo-03.jpg

„Мораш да преживееш. Се ставаш во режим за опстанок и што се случува? Ги исклучуваш сите емоции. Па, дури и со партнерката, ако се исклучиш емоционално, не можеш да се поврзеш... Во мојот случај тоа беше длабоко и тогаш сите работи започнаа оттаму – се случи неверството“, изјави тој.

Џеј Зи никогаш не го откри името на жената со која имал афера. Бијонсе пееше за тоа на албумот „Lemonade“.

dzej-zi-konechno-prizna-deka-ja-izneveril-bijonse-gi-iskluchiv-emociite-i-toa-dovede-do-neverstvo-05.jpg

„Ја користевме уметноста како терапија и започнавме да правиме музика заедно. Но, музиката што ја создаваше таа како да извираше од неа од сите тие насобрани емоции, па нејзиниот албум излезе на страна од албумот што го работевме заедно.“

„Но, најдоброто место при ураган е точно во неговата средина и токму таму седевме и беше некомфорно и имавме многу разговори. На крајот од денот сепак навистина имавме голема почит еден кон друг. Бијонсе е навистина прекрасна.“

dzej-zi-konechno-prizna-deka-ja-izneveril-bijonse-gi-iskluchiv-emociite-i-toa-dovede-do-neverstvo-04.jpg

Џеј Зи проговори и за можноста за развод и терапијата што ги спасила:

„Повеќето луѓе само си заминуваат и стапката на разводи е огромна, бидејќи повеќето луѓе не можат да се видат себеси. Најтешката работа е да гледаш болка на нечие лице, која ти си ја предизвикал и треба да се справиш со себеси за сторената штета.“

„Пораснав многу од ова искуство и најважната работа што ја научив е дека сè е поврзано. Секоја емоција е поврзана и доаѓа од некаде. Да се биде свесен за тоа секој ден од животот ти дава голема предност.“

dzej-zi-konechno-prizna-deka-ja-izneveril-bijonse-gi-iskluchiv-emociite-i-toa-dovede-do-neverstvo-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло го надмина Алекс – му подари винтиџ автомобил од 200.000 долари... Тој неа ѝ купи Porsche од 140.000 долари, но Џеј Ло го „надмина“ со персонализир...
Џеј Ло со длабоко деколте и перика од кристали, покрај тазе вереникот ... Пред 20 години таа првпат присуствуваше на најголемата модна вечер, а оваа годин...
Луѓе кои некогаш се сретнале со славни личности, а тоа го сфаќаат дене... Замислете по долги години да најдете фотка од минатото со некоја личност која де...