11 работи кои не ги знаевте за Меланија Трамп како мајка
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 29-03-2020
ВОЗАЧИ 27-03-2020


11 работи кои не ги знаевте за Меланија Трамп како мајка

Таа сака својот син Барон да го одгледа во независна, креативна личност со свои ставови и сите постапки и се во духот на тоа.

pravila-za-vospituvanje-od-melanija-tramp-majchinstvoto-e-mojata-najvazna-rabota-01.jpg

Сопруга, мајка, прва дама... Меланија Трамп успева одлично да жонглира со обврските, а нејзина обврска број еден секогаш бил, е и ќе остане нејзиниот син Барон.

Кога Доналд Трамп стана претседател на Америка минатата година, беше објавено дека неговиот син Барон Трамп нема да се пресели во Белата куќа во Вашингтон веднаш, туку ќе остане со неговата мајка Меланија во Њујорк за да ја заврши училишната година. Направениот избор покажа колку се тие заштитнички поставени кон Барон.

Низа дела говорат за посветеноста на Меланија во воспитувањето на својот син:

Меланија е главна во воспитувањето на Барон

Ова не е воопшто чудно со оглед на напорниот распоред на Доналд и водењето на неговите мултинационални компании, а сега и на САД.

„Тој не менуваше пелени и мене ми е во ред тоа. Не е важно, важно е да знаете што функционира за вас. Треба да ја знаете личноста со која сте и да ги знаете вашите улоги“, изјави Меланија во 2015 година.

pravila-za-vospituvanje-od-melanija-tramp-majchinstvoto-e-mojata-najvazna-rabota-03.jpg

Мајчинството на прво место

Меланија не започна со нејзиниот бизнис со накит сè додека Барон не тргна во училиште.

„Јас сум мајка со полно работно време – тоа е мојата прва работа. Најважната работа било кога. Кога тој е во училиште ги закажувам моите состаноци, правам скици и сè останато“, изјави Меланија во една пригода.

pravila-za-vospituvanje-od-melanija-tramp-majchinstvoto-e-mojata-najvazna-rabota-04.jpg

Децата мора да паднат за да научат да станат

„Сметам дека е важно да му дадете простор на вашето дете да прави грешки за да научи. Грешките градат крилја со кои детето подоцна во животот ќе може да лета и да оди само. Дозволете им на вашите деца да паднат од време навреме затоа што кога паѓаат учат да стануваат и тоа ќе им послужи кога нема да бидете околу нив“.

pravila-za-vospituvanje-od-melanija-tramp-majchinstvoto-e-mojata-najvazna-rabota-05.jpg

Го учи повеќе јазици

Уште во 2009 година Меланија изјави дека малиот Барон знае да зборува англиски, француски и нејзиниот роден словенечки јазик.

Денес тој веќе добро знае да ги комуницира на словенечки со неговите баба и дедо.

pravila-za-vospituvanje-od-melanija-tramp-majchinstvoto-e-mojata-najvazna-rabota-06.jpg

Му ја поттикнува креативноста

„Неговата имагинација расте и е навистина важна. Му дозволувам да црта по ѕидовите во неговиот простор за играње, затоа што можеме да ги варосаме. Еднаш тој си играше дека има пекара и на ѕидот напиша Пекарата на Барон. Многу е креативен и ако на детето постојано му велите не, не, не, каде ќе отиде таа креативност?“

pravila-za-vospituvanje-od-melanija-tramp-majchinstvoto-e-mojata-najvazna-rabota-07.jpg

Уште 6 правила на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Меланија Трамп и Брижит Макрон се главни помеѓу првите дами на Самитот Г7 (фото) Се поздравија со бакнеж во образ и фатени за рака се упатија кон останатите дами...
Меланија Трамп и Брижит Макрон одржаа модна лекција на средбата во Париз Во елегантни костими во темни бои првите дами на САД и Франција изгледаа беспрек...
8 бизарни совети за бракот од Доналд Трамп Меланија Трамп му е трета сопруга, а овие негови ставови можеби се причината зош...

Спонзорирани линкови: