Има вештачка насмевка, секогаш носи хулахопки: Интересни факти за Кејт Мидлтон

Нејзината совршена насмевка е дело на познат француски стоматолог, а тајната на убавите фотографии е што не гледа во камерата.

ima-veshtachka-nasmevka-sekogash-nosi-hulahopki-interesni-fakti-za-kejt-midlton-01.jpg

Прекрасната Кејт Мидлтон е инспирација за многу жени ширум светот.

Секогаш умерена со насмевка на лицето и беспрекорен стил, таа е достоен член на британското кралско семејство.

ima-veshtachka-nasmevka-sekogash-nosi-hulahopki-interesni-fakti-za-kejt-midlton-02.jpg

Неколку факти за Војвотката од Кембриџ кои можеби не сте ги знаеле:

- По свадбата со принцот Вилијам на 29 години Кејт Мидлтон стана „најстарата“ кралска невеста во британската историја.

- Свадбата на Кејт и Вилијам во 2011 не беше најскапата церемонија на сите времиња. Таа чинеше 34 милиони долари, додека пак свадбата на принцот Чарлс и Дијана чинеше 110 милиони долари.

ima-veshtachka-nasmevka-sekogash-nosi-hulahopki-interesni-fakti-za-kejt-midlton-06.jpeg

- Кејт Мидлтон на свадбата не го фрли својот бидермаер на немажените девојки, туку според кралската традиција го стави на Гробот на непознатиот војник во Вестминстерската катедрала.

- Извор од палата откри дека Кејт својот сопруг милно го нарекува „Big Willy“.

ima-veshtachka-nasmevka-sekogash-nosi-hulahopki-interesni-fakti-za-kejt-midlton-05.jpg

- Првиот јавен говор Кејт го одржа во 2012 година во Ipswich, Англија на отворање на една детска болница.

- Првото сиво влакно Војвотката од Кембриџ го забележала за време на бременоста со нејзиното прво дете, принцот Џорџ.

- Насмевката на Кејт се смета за идеална, но таа не е природна, туку дело на познатиот француски стоматолог Дидие Филон со техниката т.н. „хармонична асиметрија“. Забите намерно не и се направени идентични и сосема бели за да не изгледаат како вештачка холивудска насмевка.

ima-veshtachka-nasmevka-sekogash-nosi-hulahopki-interesni-fakti-za-kejt-midlton-04.jpg

- Кејт носи хулахопки дури и кога е многу топло затоа што тие ѝ ги прикриваат несовршеностите на кожата.

- Има три белези на челото, добиени за време на спортски активности. Таа тренирала тенис, пливање, кошарка, хокеј итн.

- Според фотографите, тајната на убавите фотографии на Кејт е што таа никогаш не гледа во камерата. Практично затоа нема фотографии од неа со полузатворени очи или уморен израз.

ima-veshtachka-nasmevka-sekogash-nosi-hulahopki-interesni-fakti-za-kejt-midlton-03.jpg

ima-veshtachka-nasmevka-sekogash-nosi-hulahopki-interesni-fakti-za-kejt-midlton-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Принцот Хари конечно насмеан на настан покрај Меган Маркл, по гласините за проблеми во бракот (фото) По гласините за „проблеми во рајот“, како и намуртеното издание на Хари покрај М...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg