8 бизарни совети за бракот од Доналд Трамп

Меланија Трамп му е трета сопруга, а овие негови ставови можеби се причината зошто неговите бракови не траат долго.

8-bizarni-soveti-od-donald-tramp-za-brakot-01.jpg

Иако од време навреме знае да изненади со некоја романтична изјава за бракот, Доналд Трамп во најголем дел од времето не е пример за добар сопруг.

Тој често покажува непочит кон својата сопруга Меланија, со која е во брак од 2005 година. Таа е негова трета сопруга.

Првиот брак му беше со Ивана Зелничкова од 1977 до 1992 година, вториот со Марла Мејплс од 1993 до 1999 година.

Претседателот на САД во текот на годините ги даде овие бизарни совети за бракот:

„Ако не сака да потпише предбрачен договор, таа не е жената за тебе“

Трамп изјави дека е навистина тешко да ја известите вашата идна сопруга, која ја обожавате дека сакате да потпише предбрачен договор, но таа треба да ве разбере и со тоа да покаже дека нема нечесни намери кон вас.

„Заминете си од неподносливите жени кои постојано нешто негодуваат“

Трамп изјави дека тој не е од оние луѓе кои веруваат дека во секоја ситуација работите ќе испаднат во ред на крајот.

Тој вели дека успешен човек дома треба да има сопруга која ќе го разбира, а не која постојано ќе негодува нешто. Ако има постојани поплаки од една страна, мора да се стави крај на бракот.

8-bizarni-soveti-od-donald-tramp-za-brakot-05.jpgИвана

„За да избегнете несогласувања само кажете ѝ на вашата жена што да прави“

Во гостувањето во шоуто на Опра во 1988 година Трамп изјави дека нема кавги со неговата тогашна сопруга Ивана затоа што тој ѝ кажува што да прави.

„Немој да правите грешка и на вашата сопруга да ѝ дадете одговорности во вашиот бизнис“

Трамп изјави дека грешка во првиот негов брак била тоа што ѝ дал преголема одговорност на неговата сопруга Ивана во еден од неговите бизниси и со тоа ја тргнал од посветеноста на улогата на сопруга.

Кога ќе дошол дома наместо зборување за релаксирани теми, повторно добивал разговор за работа.

8-bizarni-soveti-od-donald-tramp-za-brakot-03.jpgМарла

„Пристапете му „лабаво“ на татковството“

Трамп смета дека таткото треба да обезбеди финансиски средства за детето, а мајката да се грижи за него. Тој не менува пелени и не сака да „се однесува како жена“.

„Размислете за отворен брак“

Трамп често размислувал на своите сопруги да им предложи отворен брак, но вели дека не се осмелил да го стори тоа.

8-bizarni-soveti-od-donald-tramp-za-brakot-06.jpgМеланија

„Не дозволувајте ѝ на сопругата да ве убеди да направите баланс помеѓу работата и приватниот живот“

Сопругите сакаат да минувате повеќе време со нив, но сакаат и уживање во материјални добра, а до тие не се доаѓа ако секој ден сте во 17 часот дома.

„Слушнете го советот на сопругата, а потоа игнорирајте го“

Трамп вели дека слуша и разбира што му вели сопругата Меланија, но ако тој смета дека нешто е правилно сепак прави по свое и не го зема предвид нејзиното мислење.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...

Најчитани неделава