Клои Кардашијан со Инстаграм фотка го откри името на детето со Тристан Томпсон

На 12-ти април Клои Кардашијан го роди нејзиното прво дете, еден ден откако во јавност излезе скандалот за неверството на Тристан Томпсон.

kloe-kardashijan-so-instagram-fotka-go-otkri-imeto-na-deteto-so-tristan-tompson-01.jpg

Сепак, изгледа тие го надминале тоа, а Клои објави Инстаграм фотка од розова соба полна со балони, на која го откри името на ќеркичката.

„Нашето малечко девојче Тру Томпсон, целосно ни ги украде срцата и преполни сме со љубов. Навистина е благослов што го добивме овој ангел во семејството. Мама и тато те сакаат Тру!“ – напиша таа во описот.

На нејзиниот веб сајт таа сподели и фотографија со сите детали за ќеркичката од раѓањето, на која пишува дека се горди родители.

kloe-kardashijan-so-instagram-fotka-go-otkri-imeto-na-deteto-so-tristan-tompson-02.jpg

Како и повеќето имиња на децата во Кардашијан-Џенер семејството, така и ова име Клои го дала со причина, а Крис Џенер го откри значењето на истото во описот на Инстаграм фотка:

„Многу сум возбудена што ја добивме мојата драга мала внука Тру! Интересен факт... Името на мојот дедо од страната на татко ми беше Тру Отис Хаутон... Името на мојот татко беше Роберт Тру Хаутон... Па, многу сум среќна што Клои реши да ја крсти ќерката Тру!“

Целото семејство е возбудено и ѝ посакува добредојде на Тру, а сестрите Ким, Кортни и Кендал се забележани како пристигнуваат во Кливленд за да ја посетат Клои и нивната внука.

kloe-kardashijan-so-instagram-fotka-go-otkri-imeto-na-deteto-so-tristan-tompson-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Памела Андерсон откри детали за Лиам Нисон: „Не може да не се вљубиш во него, имав трема, многу е за... „Ми беше страв да го запознаам, буквално се тресев пред првата средба. Имаме хем...
Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почи... Хулк Хоган кој несомнено е еден од најпознатите борачи во светот, почина на 71-г...
Клои Кардашијан со ретка изјава за нејзината маќеа: „Се венча со татко ми кога беше на смртна постел... Шест недели пред да почине од рак, Роберт Кардашијан се венчал со третата сопруг...
Продавала овошје на тезга, па се омажи во едно од најбогатите семејства: Најубавата руска манекенка ... Наталија Водјанова на 44-годишна возраст чека уште едно дете со сопругот милијар...
Гафови со кои славните личности покажаа дека не се најпаметни Ким Кардашијан тврди дека слетувањето на Месечината е лажно, а како извор ги нав...

Најчитани неделава