Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто убавицата Кендис Сванапул се раздели од единствениот маж со кого била во животот?

Триесетгодишната манекенка и моделот беа една деценија и половина заедно. Станаа родители на два сина, а вториот им се роди пред само пет месеци. Ако може да им се верува на дел од светските портали, таа веќе извесен период e сама со децата. Па логично е прашањето – кои се причините?

zoshto-ubavicata-kendis-svanapul-se-razdeli-od-edinstveniot-mazh-so-kogo-bila-vo-zhivotot-1.png

Кендис Сванапул (30) мами воздишки со својата убавина и прекрасна фигура каде и да се појави. Мечта им е на мноштво припадници од посилниот пол. А, манекенката во животoт имала само еден сексуален партнер. Тоа е нејзиното момче Херман Николи (36), со кого се запознала на 17-годишна возраст во градот Париз. Повеќепати го именуваше како „симпатија од детството“ и „дечко за навек“. 

zoshto-ubavicata-kendis-svanapul-se-razdeli-od-edinstveniot-mazh-so-kogo-bila-vo-zhivotot-2.jpg

Јужноафриканката и Бразилецот се познати модели. Љубовната врска им започна во 2005 година и важеа за еден од најубавите славни парови на денешницата. Од понов датум се и родители на синовите Анака и Ариел. Затоа како гром од ведро небо одекна веста дека познатата двојка одненадеж го прекинала односот, по што ги избришале заедничките фотки на социјалните мрежи.

zoshto-ubavicata-kendis-svanapul-se-razdeli-od-edinstveniot-mazh-so-kogo-bila-vo-zhivotot-3.jpg

Тие сѐ уште се немаат огласено со официјално соопштение, иако навестуваат со објавите во последно време. Откако низ медиумите проструи информацијата, во јавноста веќе се шпекулира за мотивите. Особено поради фактот што парот направи веридба на десетгодишнината од врската, па очекувано беше дека во блиска иднина ќе ја крунисаат љубовта и со брак.

zoshto-ubavicata-kendis-svanapul-se-razdeli-od-edinstveniot-mazh-so-kogo-bila-vo-zhivotot-4.jpg

Ова се четирите можни причини заради кои наводно се разделиле:

1. Кариерата на манекенката го засени неговиот успех...

Исто како и Кендис Сванапул, нејзиниот партнер Херман Николи се занимава со моделство. Tаа е една од најбараните манекенки и главен ангел на брендот Victoria's Secret.

zoshto-ubavicata-kendis-svanapul-se-razdeli-od-edinstveniot-mazh-so-kogo-bila-vo-zhivotot-5.jpg

Дечко ѝ, пак, реално не може да се пофали со така завидна кариера. Според блиски извори на двојката, успехот на русокосата убавица станал повод за кавги и расправии, коишто на крајот довеле до разделба на парот.

zoshto-ubavicata-kendis-svanapul-se-razdeli-od-edinstveniot-mazh-so-kogo-bila-vo-zhivotot-6.jpg

2. Борба со постпорoдилна депресија и вишок килограми…

Кендис Сванапул и Херман Николи за првпат станаа родители во 2016 година. Парот го доби синот Анака. Делуваше како раѓањето на првото дете само да го зајакна односот на љубовната двојка, така што набрзо размислуваа и за второто. Меѓутоа, убавицата доби вишок килограми по бременоста, а за нејзината фигура активно се водеа расправи на социјалните медиуми и во печатот.

zoshto-ubavicata-kendis-svanapul-se-razdeli-od-edinstveniot-mazh-so-kogo-bila-vo-zhivotot-7.jpg

Според пријателите на манекенката, таа имала постпородилна депресија. Поради тешката психичка состојба, како и проблемите околу одгледувањето на двете мали деца, односите меѓу партнерите драматично се влошиле, па моделот одлучил да го прекине контактот со мајката на неговите синови.

zoshto-ubavicata-kendis-svanapul-se-razdeli-od-edinstveniot-mazh-so-kogo-bila-vo-zhivotot-8.png

3. Забрана на провокативни фотки со други мажи...

Кендис Сванапул високо котира на листата за најсексапилни жени во светот. А, послободните фотографии се нејзината силна страна. Бидејќи и партнерот е модел, односно се занимава со истата работа, никогаш во минатото не реагирал што девојка му позира со други мажи.

zoshto-ubavicata-kendis-svanapul-se-razdeli-od-edinstveniot-mazh-so-kogo-bila-vo-zhivotot-9.jpg

Ама, ситуацијата наводно се променила по раѓањето на второто дете. Според новинарите, Херман Николи побарал од неа да престане со учествата во такви проекти. Од друга страна, манекенката не ги прифатила наметнатите услови од саканиот.

zoshto-ubavicata-kendis-svanapul-se-razdeli-od-edinstveniot-mazh-so-kogo-bila-vo-zhivotot-10.jpg

4. Постојано одложување на венчавката и бракот…

Херман Николи ја запроси Кендис Сванапул во 2015 година. Потоа дознаа дека манекенката е трудна, а свадбената церемонија мораше да биде одложена. Неколку месеци по раѓањето на Анакa, таа повторно остана бремена.

zoshto-ubavicata-kendis-svanapul-se-razdeli-od-edinstveniot-mazh-so-kogo-bila-vo-zhivotot-11.jpg

Откако го родила и вториот син Aриел, нејзина желба била конечно да направат венчавка. По зборовите на инсајдерите, тогаш моделот се противел на идејата, па решила да стават точка на односот.

zoshto-ubavicata-kendis-svanapul-se-razdeli-od-edinstveniot-mazh-so-kogo-bila-vo-zhivotot-12.jpg

Додека не се произнесат двајцата главни актери во приказната, ни преостанува надежта дека тие сепак ќе успеат да ги премостат наведените разлики.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg