Како изгледа ќерката на најбогатиот човек во Индија, чија свадба започна со настап на Бијонсе?

Во Индија десетици милиони луѓе страдаат од сиромаштија, па оваа „дебела индиска“ свадба, на чии претсвадбени церемонии присуствуваше и Хилари Клинтон, a се претпоставува дека ќе чини 139 милиони долари, е на мета во индиските медиуми.

kako-izgleda-kjerkata-na-najbogatiot-chovek-vo-indija-chija-svadba-zapochna-so-nastap-na-bijonse-01.jpg

Кога се мажи ќерката на најбогатиот човек во Индија, тогаш сигурно е дека на листата со гости ќе има специјални имиња.

Па, така на листата со гости на 27-годишната Иша Амбани, ќерката на милијардерот Мукеш Амбани, има звучни имиња меѓу кои и Бијонсе.

kako-izgleda-kjerkata-na-najbogatiot-chovek-vo-indija-chija-svadba-zapochna-so-nastap-na-bijonse-02.jpg

Свадбата допрва ќе се одржи, но на претсвадбените церемонии пееше Бијонсе во раскошна палата од 16-тиот век.

За оваа пригода Бијонсе имаше специјални аутфити.

Инаку свадбата на Иша со бизнисменот Ананд Пирамал (33) ќе се одржи во нејзиниот семеен дом во Мумбаи.

Нејзиниот татко е на чело на „Reliance Industries“ и има богатство од 47 милијарди долари, според Forbes. На претсвадбените церемонии присуствуваше и Хилари Клинтон, која е долгогодишна пријателка на семејството.

Иша е на чело на две од компаниите од бизнис империјата на нејзиниот татко.

Вестите за оваа „дебела, индиска свадба“ се хит во медиумите во Индија, каде десетици милиони луѓе живеат во сиромаштија.

Како изгледа богатата наследничка:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит стана вирален хит – Шајло (19) е неверојатна копија на мајка ѝ в... Вирално се споделуваат фотографии од Шајло од ново видео, каде неверојатно личи ...
Џеј Зи е неверен, Бијонсе е љубоморна: Знаци дека бракот на славниот пар нема да трае уште долго Според некои извори, Бијонсе честопати имала проблеми со љубомора и реагирала бу...
Сакала да ѝ ја уништи кариерата, афера со Џеј Зи: Детали за „тајната војна“ меѓу Бијонсе и Ријана Кога Ријана почна да се прославува, Бијонсе ја гледала како закана, па се зборув...
Ќерката на Кејт Мос згодна на плажа со мама – ги покажа мониторите за дијабетес на задникот и раката... Трагите од годините поминати во пороци се присутни на лицето на Кејт Мос, но зае...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Ќерката на Роналдо за 8-ми роденден позира со штикли и нов велосипед, а мама ѝ подари Chanel чанта Роналдо објави фотка од Алана која носи штикла од мајка ѝ и позира на новиот роз...

Најчитани неделава