„Тоа не е место за криенка“ - Пинк критикувана зошто децата ѝ трчале околу споменикот на Холокаустот во Берлин

Пинк повторни доби критики за нејзините родителски постапки, откако објави фотка од децата како трчаат околу споменикот на Холокаустот во Берлин, но не остана имуна на коментарите.

toa-ne-e-mesto-za-krienka-pink-kritikuvana-za-fotki-od-decata-okolu-spomenikot-na-holokaustot-vo-berlin-01.jpg

Пејачката редовно добиваше критики за нејзините родителски постапки, па неодамна одлучи дека повеќе нема да објавува фотки од нејзините деца заради злобните и некултурни коментари.

Сепак, одлучила да ја промени одлуката и неодамна повторно почна да објавува фотки од нив, но критичарите не издржаа долго.

Пинк објави фотка од нејзините две деца додека трчаат околу споменикот на Холокаустот во Берлин, за што доби низа критики.

„Тоа не е место за криенка/Погрешно е тоа што децата си играат таму, треба да ги научиш да го почитуваат местото“ се само дел од коментарите на луѓето кои се против одлуката на Пинк.

toa-ne-e-mesto-za-krienka-pink-kritikuvana-za-fotki-od-decata-okolu-spomenikot-na-holokaustot-vo-berlin-02.jpg

Пејачката не остана имуна на коментарите и реши да објасни кој е нејзиниот став и на фотката допиша:

„За сите коментари, да разјаснам – овие две деца се всушност Евреи, исто како и јас и целото семејство од страната на мајка ми. Личноста која го изградила ова, верувала во тоа децата да останат деца, и за мене ова е славење на животот по смртта. Ве молам, задржете ги злобата и осудувањето за себе.“

View this post on Instagram

A post shared by P!NK (@pink)

Пинк не е единствена која го има ова мислење, ниту пак е единствена која објавува вакви фотки од ова место.

Многу посетители на Берлин прават различни фотки на споменикот на Холокаустот, за што мислењата се поделени. Едни сметаат дека тоа не е место каде треба да се позира и да се собираат лајкови на социјалните мрежи, додека други сметаат дека треба да живеат во име на оние кои не можеле.

Кој е вашиот став за ова?

https://www.instagram.com/p/BRyZzdmBxjM/

https://www.instagram.com/p/BxR2J9glyvX/

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Џорџина го покажа секси задникот додека ги вежба децата на Роналдо – по стапките на тато од мали ноз... 6-годишните близнаци кои Роналдо ги доби од сурогат, очигледно мора да се во фор...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Салма Хајек (56) е горда на брчките и седите влакна: „Тие се знак на мудрост“ (фото) Досега Салма Хајек има споделено многу фотки на кои гордо ги покажува брчките и ...
Ги облекува синовите како девојчиња, ги остава кај татко им за да се шета: Зошто Меган Фокс ја нарек... Колку време холивудската актерка Меган Фокс поминува со своите три сина и што ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg