Како изгледала „жената-мачка“ пред да се навлече на пластични операции?

79-годишната Џослин Вилденштајн стана пример за претерување со пластичната хирургија, а нејзиното лице може да го препознае речиси секој. На повеќето таа им е позната како „жена мачка“, а зад нејзиното необично лице се крие исто необична приказна.

kako-izgledala-zhenata-machka-pred-da-se-navleche-na-operacii-01.jpg

Џослин почнала со операциите во нејзините 20-ти бидејќи се плашела дека нејзиниот сопруг, милијардерот Алек Н. Вилденштајн, ќе ја остави.

Бидејќи Алек бил опседнат со големите мачки, таа решила да се претвори во една.

Сепак, Џослин ги демантираше овие гласини и има изјавено дека трансформациите ги направила само за себе. Таа има направено затегнување на лицето најмалку 7 пати и драстична реконструкција на очите.

 Истовремено, има направено полнење на усните, образите и брадата со колаген.

За жал, нејзиниот брак со Алек сепак се распаднал откако го фатила во креветот со 19-годишна манекенка. Разводот бил навистина бурен, а наводно, Алек дури и ѝ се заканувал на Џослин со пиштол. Целиот развод траел 2 години, а после него Џослин станала побогата за милијарда долари.

Покрај тоа, неа воопшто не ѝ е грижа што другите ја нарекуваат со погрдни зборови.

„Кога ќе се погледнам во огледалото, за мене сум преубава. Имам лице какво што сакав.“

Благодарение на интернетот, денес можеме да погледнеме фотографии од Џослин кога била млада и кога немала направено операции. Без сомнение, нејзината убавина ќе ве изненади.

kako-izgledala-zhenata-machka-pred-da-se-navleche-na-operacii-03.jpg

Пред неколку години Џослин повторно се најде на суд, овој пат поради нејзиниот партнер, канадскиот дизајнер Лојд Клајн. Таа го изгребала на лицето со ножици и му истурила врел восок. Сепак, денес парот е верен и според некои извори, тие се повљубени од кога било.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава