Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Новак Ѓоковиќ во ненајавена посета на селото Брзеќе - како награда си доби вреќа компири

Познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ закрепнува по својата повреда на рамото, поради што го прекина учеството на US Open.

poln-sum-emocii-novak-gjokovikj-dobil-podarok-vrekja-kompiri-po-poseta-na-seloto-brzeche-01.jpg

Новак решил да го помине слободното време во Србија, но и да го посети селото Брзеќе кое се наоѓа во близина на Копаоник.

Новак бил навистина импресиониран од она што го видел, а тамошните жители дури му подариле и вреќа компири, што тој ја прифатил со задоволство.

poln-sum-emocii-novak-gjokovikj-dobil-podarok-vrekja-kompiri-po-poseta-na-seloto-brzeche-02.jpg

На неговите Instagram и Facebook профили тој сподели фотографии од посетата, кои пак предизвикаа вистинска лавина од позитивни коментари.

„Благодарен сум на искуството што го доживеав во Брзеќе. Луѓето од овој крај се навистина пријатни, а истовремено и навистина вреди, а секој од нив има некоја автентична и интересна приказна. Срцето ми е полно што оживувам бројни спомени од детството. Сретнувам луѓе кои беа дел од моето растење и кои ми помогнаа да го живеам мојот сон како професионален тенисер. Навистина сум полн со емоции. А добив и некој компир, за трудот“, стои во неговата објава.

poln-sum-emocii-novak-gjokovikj-dobil-podarok-vrekja-kompiri-po-poseta-na-seloto-brzeche-03.jpg

Ѓоковиќ бил во областа за седмото издание на „Другаријада“, настан на кој учествуваат 130 деца од Србија. Настанот е дел од фондацијата на Новак, чија цел е да ги подобри животите на локалните деца.

poln-sum-emocii-novak-gjokovikj-dobil-podarok-vrekja-kompiri-po-poseta-na-seloto-brzeche-04.jpg

Копаоник е важно место за Ѓоковиќ бидејќи токму овде го удрил првото тениско топче и почнал да работи со неговиот прв тренер, сега покојната Јелена Генчиќ.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ... Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...
Семејна драма кај Бекамови: Бруклин не зборува со Ромео бидејќи е во врска со негова бивша девојка Новата девојка на Ромео Бекам – Ким – е бивша на брат му Бруклин. Иако Бруклин е...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg